Во белградските редакции вечерва стигнал мејл со потпис од српските хакери кои наводно се револтирани што министерството за внатрешни работи на Србија не ги исполнило нивните услови и затоа „објавуваат војна“ на полицијата!, објавува српскиот портал „Курир“.Тие го пренесуваат писмото во целост:
Почитувани граѓани на Србија, нека ви е среќна Српската Нова година, многу среќа и здравје ви посакуваат српските хакери. Имено, како што знаете минатиот пат се јавивме, објавивме дел од податоците на граѓаните на Србија и рековме дека ако министерството за внатрешни работи и службата за високот технолошки криминал не ги исполнат нашите барања ние ќе објавиме уште податоци. Ние тоа денеска го правиме. денеска на интернен објавивме уште една голема база на податоци на граѓаните на Србија (ЕМБГ, телефонски броеви, градови, улици, е-мејл адреси, шифри…). од овој линк може да се симнат податоците: https://www.sendspace.com/file/8fm8ne
Ова се нашите барања кои не ни беа исполнети:
1) Во рок од 15 дена министерството за внатрешни работи да уапси барем 3 албански хакери (ова барање е поставени само затоа што полицијата ги брка само српските хакери, а албанските ги игнорира).
2) Министерството за внатрешни работи јавно да признае дека базата со податоци е преземена од нивниот компјутер како што навистина е и имаме докази за тоа (МУП лажеше и рече дека таа база со податоци сепак не е нивна, туку база на некои политички партии!)
3) Министерството за внатрешни работи и службата за високо технолошки криминал јавно на телевизија и во медиумите да им се извини на српските хакери поради непочитувањето за она што го работат. Ние треба да бидеме наградени, а не апсени!.
Овие податоци ги објавуваме во јавност само затоа што МВР не ги почитува правата на хакерите во Србија. Хакерите во другите земји се земаат за тестирање на безбедносниот систем на државата, а кај нас масовно се апсат. Во другите земји хакерите се палтени за тоа што го работата, а ние овде сме загрозени во нашата земја.
Исто така кога првпат објавивле фотографии на кои се гледа дека имаме податоци, Министерството веднаш почна да бара хакери клои го направија тоа,а ние им рековме дека тоа го сторивме само за да им укажеме на дупките во безбедносниот систем на државата Србија и народот да види колку му е загрозена приватноста во воаа земја.
Пораката за МУП и ВТК: „Војната почна, војна која се води меѓу нас и вас. се надеваме дека сте до толку писмени во ИТ секторот да сфатите дека станува збор за компјутерска (сајбер) војна. Сега е доцна да исполнувате било какви услови, дури сега ќе имате вистинска можност да сфатите колку згрешивте бидејќи не ги почитувавте условите кои ги добивте. Според реакциите на граѓаните досега, имаме повеќе луѓе на наша страна на страна на „Хакерите“ отколку на страната на „МУП“.
Што се според нас МУП и ВТК?
Според српските хакери вие претставувате збир од дилетанти. Во таа смисла ова не е навреда. Дилетанти се луѓе кои од љубов се занимаваат со некоја работа, а не затоа што се образовани за тоа што го работата. Мислиме дека треба да вработите некого од нас за да видите за колку кус временски период би решавале некои проблематики кои вие ги решавате со месеци.
Хакувањето нека почне!
Со љубов, српски хакери!
Тие го пренесуваат писмото во целост:
Почитувани граѓани на Србија, нека ви е среќна Српската Нова година, многу среќа и здравје ви посакув