Откриени уште новинари платеници на СДСМ во аферата „Платеничка револуција“!

Аферата „Платеничка револуција“ открива уште поголема новинарска фабрика составена од новинари платеници кои добивале хонорари од чадорот на невладини организации на СОРОС. Звучни новинарски пера се наоѓаат на платните списоци на соросовите невладини, а во игра биле милионски заработки и хонорари. Токму најгласните новинарски пера против власта се оние кои се офајдиле со хонорари, пишува НетПрес.Не било доволно што повеќето работат во медиуми финансирани со парите на СОРОС, па тие си добивале и лични хонорари и плати од ваквиот чадор на организации. Десетици новинарски имиња како Бранко Геровски, неговата сопруга Билјана Илиќ, Драган Антоновски, Мухамед Зекири, Герман Филков, Ида Протуѓер, Сашка Цветковска, синот на Ерол Ризаов, Горан Ризаов, Саше Димовски, Зоран Димитровски, Зоран Бојаровски, Мери Јордановска и други, земале хонорари и примања од различни невладини организации.
За возрат, нивниот труд во новинарството е препознатлив по острите напади врз владата, текстови и оркестрирани прилози за кој се докажало дека во најголем дел се невистини, критики и жигосувања, застапување и отворена поддршка на протестите и СДСМ. Шемата која е финансирана со парите на СОРОС не е нова.
За потсетување Македонија има искуство со слична афера, насловена „Фабрика 1“ која се појави во 2004-та година каде тајно, без знаење на нивните редакции, за хонорари од неколку стотици евра месечно, преку агенцијата „Фабрика“ работеле за тогашната Влада на СДСМ, ги подготвувале говорите на тогашниот премиер од СДСМ, како и прес-конференциите, брифинзите и изјавите на неколку министри. Фрапантно и во исто време иронично е што токму дел од новинарските пера кои тогаш беа дел од таа афера сега повторно се појавуваат во улога на новинари платеници и се дел од платеничката револуција на СДСМ.

Па така, новинарот Герман Филков кој бил најмен да пишува во 2004-та година за владата на СДСМ, сега повторно си зема дебели пари од соросовите организации. Во 2014-та година Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации инкасирал 1.354,022 денари, а минатата година од истата организација заработил неверојатни 1.420,425 денари.
Исто така и новинарката Сабина Факиќ која беше дел од сдсмовската фабрика во 2004-та година, таа сега е дел и од аферата платеничка револуција. Таа во 2015-та година од соросовиот Центар за граѓански комуникации инкасирала 1.328,172 денари.

Пари земал и новинарот Драган Антоновски, кој верувале или не последно во јавноста говореше за етика во новинарството и дел од т.н. Совет за етика. Тој од Центарот за развој за медиуми инкасирал 56.433 денари.

Неизбежно, кога станува збор за СОРОС е и името на Бранко Героски, кој е главен уредник на порталот Плус Инфо, и на весникот Слободен печат. Освен тоа што не се крие финансиската поддршката која СОРОС Македонија ја има кон неговите медиуми, тој во 2014-та година си инкасирал и личен хонорар од по 5.846 денари од соросовиот НВО Инфо Центар. Тоа не било доволно, па неговата сопруга Биљана Илиќ Геровска од Центарот за развој на медиуми инкасирала 48.000 денари, а во друг наврат претходно по нови 7.290 денари.

Поранешниот новинар, а сега вработен од една од соросовите организации – ФОРУМ ЦСИД, Александар Николиќ Писарев, инкасирал 901.986 денари за последните две години, а пари земал и од Пактис Центарот, како и од Плоштад Слобода во висина од 35.871 денари. Дополнително во 2014-та година инкасирал пари и од соросовата Цивил во висина од 22.079 денари.
Минатата година новинарот Владе Ѓорчев земал 627.599 денари и уште еден хонорар од 12.582 денари од соросовата организација Метаморфозис. Во истата дружина е и новинарот Владо Апостолов кој минатата година земал по 7.290 денари од Центарот за развој на медиуми, и имал повеќе исплати од по 16.990 денари од соросвата ФОРУМ ЦСИД, исплати кои во различни износи продолжиле и минатата година.
Во платеничката револуција е дел и новинарот на Фокус, Саше Димовски, кој минатата година освен приходите од плата, земал 60.000 денари од Македонско здружение за млади правници и дополнителни 52.802 денари од Центарот за развој на медиуми. Тој во 2014-та година пари земал повторно од македонското здружение за млади правници како и хонорари од Центарот за развој на медиуми.

Дел од аферата платеничката револуција се и новинарите Билјана Секуловска од Нова ТВ, која инкасирала по 7.290 денари од Центарот за развој на медиуми во 2014-та година, а истата година од истата организација се офајдил и уредникот на ФОКУС, Зоран Димитровски.
Од Центарот за развој на медиуми земал пари и новинарот и сопственик на сајтот А1 Он, Предраг Петровиќ, кој освен поддршката за сајтот земал и додатни 7.290 денари.
Поранешната уредничка на порталот Телеграф, која сакаше да се прогласи за жртва и го напушти местото на кое работеше поради наводни притисоци кои се коселе со нејзините етички стандарди, Ивана Костовска, за својот активизам си добивала и финансиска надокнада од 19.790 денари од соросовата Центар за развој на медиуми.

Ништо полошо не поминала и новинарката Ида Портуѓер која од НВО Инфо Центарот во 2014-та година земала 17.778 денари, а минатата година инкасирала пари и од Центарот за развој на медиуми.

Пари од соросовата Метаморфозис во висина од над 340.000 денари земал минатата година и новинарот Горан Ризаов инаку син на новинарот Ерол Ризаов. Од Метаморфозис за истиот период пари земала и Оливера Војновска од Утрински весник во висина од 45.079 денари.

 

Новинарот Зоран Бојаровски кој што е и колумнист на Слободен Печат и Плус Инфо, минатата година инкасирал 174.838 денари од Соросовата ФОРУМ ЦСИД, а пари земал и од Центарот за развој на медиуми. Дополнително претходната фискална 2014-та година во три наврати од ФОРУМ на СОРОС земал вкупно 165.448 денари.

Пари за својот активизам земал и главниот уредник на новата ТВ Шења, Мухамед Зекири, кој минатата 2015-та година од ФОРУМ ЦСИД земал на два пати по 8.520 денари. Од истата оваа соросова организација пари земале и новинарите Сашка Цветковска од НОВА ТВ, како и Огнен Јаневски од ТВ 24Вести, е и жесток поборник за правата на ЛГБТ заедницата.

Пари земал и Јофе, односно Јован Постоловски од порталот Либертас. Тој во 2014-та година од Центарот за развој на медиуми си инкасирал по 7.290 денари, а од истото место пари земал во 2015-та година и новинарот на Телма, Дарко Чекеровски, додека пак новинарката Мери Јордановска остварила приход од сoросoвата ЦИВИЛ во 2014-та година.

Интересен е фактот што и покрај обвинувањата на опозицијата дека Јавниот Сервис МРТВ е под жестоко влијание на Власта, постојат новинари од овој медиум кои се на платниот список на соросовите медиуми. Новинарката Фиљана Кока во последните две години инкасирала примања од соросовиот Центар за развој на медиуми од по 3.750 денари.Не било доволно што повеќето работат во медиуми финансирани со парите на СОРОС, па тие си добивале и лични хонорари и плати од ваквиот чадор на орг

Пронајдете не на следниве мрежи: