Дојдено е до интересни резултати во истражување во кое учествувале дури 1300 брачни парови.Резултатите покажале дека мажите коишто учествуваат во домашните активности, имаат повеќе и подобри интимни односи со жените.
Доколку поделбата на обврските е заснована врз „фер основа“, тоа води кон подобар интимен живот. Ова го покажа истражувањето чии резултати се објавени во стручна публикација.
Откриено е дека постојат и културолошки разлики. На пример, помеѓу мажите во Германија или оние во САД постои различно ниво на подготвеност кај мажите за поделба на работата во домот.