Откриено е што носел Линколн со себе ноќта кога бил убиен. ЕДЕН ПРЕДМЕТ претставува вистинска мистерија за историчарите!

Шеснаесеттиот претседател на Соединетите Американски Држави, Абрахам Линколн, бил убиен пред 150 години, на 15. април 1865 година во театар во Вашингтон.На кобниот датум, Линколн од ложата на балконот ја гледал претставата „Нашиот американски роднина“, за да ги оттргне мислите од стресните случувања во Граѓанската војна.
Но, Џон Вилкс Бут, му пришол зад грб и го застрелал во главата. Бут бил познат актер од југот и шпион на Конфедерацијата од Мериленд.
Претседателот паднал во кома и починал девет часа подоцна, во 7:22 наутро на 15. април 1865 година.
Откако Линколн бил убиен, неговиот капут со личните предмети му бил предаден на неговиот син Роберт Тод, за подоцна во 1937 година тие да завршат во библиотеката на Конгресот на чување.
На кобната вечер, Линколн со себе носел два пара очила, џебно ноже од слонова коска и приврзок за џебен часовник, крпа за чистење очила, девет исечени статии од весници, кожен паричник и пара од Конфередацијата од пет долари.
На Линколн му биле потребни очила и за читање и за гледање во далечина. Исто така, тој имал страбизам. Меѓутоа, она што ќе остане мистерија е зошто Линколн со себе носел хартиена пара од Конфередацијата. Освен нејзе, тој немал други пари во џебот. Ниту од Унијата, ниту од Конфедерацијата.
Веројатно новчаницата била сувенир по Линколновата победоносна посета на конфедеративната престолнина Ричмонд, Вирџинија – десет дена пред убиството.
Ликот на Линколн се наоѓа на новчаницата од пет долари, која за првпат се појави во 1914 година.
На кобниот датум, Линколн од ложата на балконот ја гледал претставата „Нашиот американски роднина“, за да ги оттргне мислите од стресни

Пронајдете не на следниве мрежи: