ОТКРИЕНО е зошто внуката со другарка ѝ ја нападнале бабата со секира: Сакале за Нова Година…

Откако Слаѓана Милиќ, средношколка од Шековиќ кај Власеница, со својата другарка Младенка Клисариќ (на фотографијата) организирала обид за грабеж врз нејзината баба Митра Дубачкиќ и притоа трипати ја удриле старицата со секира по глава; испливале информации дека тие сакале да дојдат до пари за да отпатуваат во Дубаи за Нова Година.Локалните селани изјавиле за медиумите дека Митра и Љубиша Дубачкиќ се многу богати и дека секогаш биле подготвени да им помогнат на соседите.
Тие ѝ помагале и на нивната внука Слаѓана која рано останала без татко, а чија мајка се премажила. Како што се дознава, Слаѓана и Младенка ја повторувале годината и во последно време недолично се однесувале.
Слаѓана го испланирала грабежот кога забележала дека нејзината баба чува пари во џебот.
По извесно време, девојките ставиле капуљачи на главите и дошле во селото, каде што нашле секира. Се скриле зад куќата и почекале Митра да влезе во шталата, а потоа Младенка ја удрила со секира по челото и несреќната старица паднала на земја. (Види ЛИНК)
Таа се обидела да ја удри уште неколку пати, но Митра се соземала и повикала помош, при што дошол нејзиниот сопруг Љубиша.
Девојките се разбегале кога се доближил до шталата.
Според изјавите на пријателите, Слаѓана и Младенка станале многу агресивни во последно време, па врз основа на нивните изјави можно е да бидат пратени на психијатриски преглед.
Кога биле уапсени, девојките лажеле дека постоело уште едно лице кое им помагало, но полицајците ги притиснале со доказите и на крај го признале злосторството, раскажувајќи го до последниот детаљ.
Случајот е предаден во надлежност на Обвинителството на Источно Сараево.Локалните селани изјавиле за медиумите дека Митра и Љубиша Дубачкиќ се многу богати и дека секогаш биле подготвени да им помогнат на соседите.

Пронајдете не на следниве мрежи: