Пелагонија е создадена за незаборавни авантури и во секој дел од овој регион се крие поинаква возбудлива филмска приказна. За само два дена, и на помалку од еден час возење од местото на сместување, потпелистерско Дихово, може да се доживеат двете сини бои на Пелагонија.Туринг Македонија заедно со Сара Мејс и Димитар Атанасовски го сними второто промотивно видео, овојпат создавајќи филмска авантура со наслов 2 Бои Сино. Турата е дводневна и целта е да се доживее Македонија преку нејзините убавини, храната и луѓето. Првиот ден, со кајак по сините води на Преспанското Езеро до недопрениот остров Голем град, до кој се тргнува од брегот на македонскиот Бол на Брач, селото Коњско, додека на кајакарите друштво им прават јатата корморани и звукот на езерските бранови. Островот е магичен и единствен и никој не може да каже дека ја познава Македонија ако сѐ уште не го посетиле ова митско парче земја на сред езеро. Вториот ден е резервиран за втората сина боја, повторно во друштво на птиците, но овојпат за да се доживее нивната авантура се лета со параглајдер од историскиот Мечкин Камен за евентуално сѐ да се стопи во тишината на синото пелагониско небо. Неверојатно е како целиот адреналин веднаш по одделувањето на нозете од земјата се претвора во мир кој го обзема цело тело и останува само да се ужива во бескрајната визура.
За само два дена се собира колекција на емоции која секогаш останува изложена на нечие лице како една широка и задоволна насмевка.
Туринг Македонија заедно со Сара Мејс и Димитар Атанасовски го сними второто