Каде да однесете еден Овен, Бик, Рак или друг знак од зодијакот на првиот состанок, прочитајте во продолжение.
Овен
Имате прв состанок со Овен? Внимателно,првиот состанок е многу важен, посебно кога Овенот е во прашање. Обидете се да оставите одличен впечаток бидејќи тие се помнат, дури и до најситни детали. Зборувајте добро за себе, манифестирајте самодоверба. Овенот и сам ќе се обиде да се претстави во најдобро светло.
Бик
Бикот брзо ќе ве шармира, веројатно ќе ве однесе на вечера или на во некоја слаткарница со вкусни слатки. Но, може да биде и кафуле, каде што ќе се чувствува пријатно. Што покажува дека секогаш тие го одбираат местото за првиот состанок, на вас е доколку сте дама да изгледате убаво да имате соодветна фризура и шминка. Доколку сте момче, ви препорачуваме некој моден детал кој ќе и го привлече вниманието на жената Бик.
Близнаци
Доколку припадник на овој знак се обидете да го поведете на некое гламурозно место, ќе погрешите. Треба да посетите место кое Близнакот ќе го предложи, каде тој се чувствува пријатно и на своја територија. Често станува збор за место каде музиката не е премногу гласна, па Близнакот ќе може да го прави она во што ужива- да зборува. Па, пуштете го Близнакот да одбере место за вашиот прв состанок.
Рак
Ракот ќе ве повика во својот дом или вие ќе го поканите кај вас. Така е и најдобро. Доколку не сакате домашни посети, ќе завршите на или крај вода- ресторант на кеј на езеро или река. Во секој случај бидете природни и опуштени, само така ќе го освоите Ракот. Немојте да навлегувате во неговата интима, тоа нема да му одговара.
Лав
Посетете место каде Лавот ќе може да биде во центарот на вниманието, каде што има поголем број на луѓе. Лавот не сака „тивки“ места. Но, треба да биде елегантно, удобно, со добра музика, едноставно нека биде „по препорака“. Кога ќе го одберете вистинското место, пофалете го Лавот за неговиот изглед, со тоа ќе ги добиете првите поени благодарение на егото и нарцисоидноста на Лавот.
Девица
Одберете место со убав ентериер или одведете ја Девицата во природа. Сакаат зеленило, трева, свеж воздух… Бидете скромни, немојте премногу да се истакнувате, особено внимавајте на деталите кога сте на состанок со Девица. Ако вие не приметите нешто, таа сигурно ќе примети.
Вага
Каде и да одите, мора двете страни да бидат задоволни. Вагите сакаат кога сите околу нив се среќни, кога се е избалансирано и во хармонија. Добро е се додека сите се чувствуваат пријатно. Доколку, Вагата забележи дека нешто не е во ред, таа заминува бидејќи не сака да го троши своето време со личности кои не може да ги направи среќни.
Шкорпија
Секое место покрај вода, во доцните вечерни часови, со џез музика, е вистинска пропорака за оние што планираат прв состанок со Шкорпија. Морате да ја заведете, да покажете амбициозност, немојте да бидете сталожени, едноставно отворете ја вашата душа, посебно ако сте страствена личност. Исто така, Шкорпијата сака кога некој е спремен на ризик.
Стрелец
Некое опуштено место , отворен простор, модерерн , кој потсетува на странство, е вистински избор кога имате прв состанок со Стрелец. Обидете се да испланирате буквално се, во случај да ви здодее веднаш да имате друго место да посетите, подобро нормално. Стрелецот сака да го менува просторот, долго задржување на едно место за него е досадно. Сака прошетки, посебно кога се наоѓа во некој нов град. Зборувајте му за своите амбиции, планови, сонови за иднината, на тоа „паѓаат“ Стрелците.
Јарец
Избере место кое што е проверено, дури и ако сметате дека не е посебно. Немојте премногу да експриментирате. На Јарците не им е важно каде се, туку со кого се. Во текот на разговорот покажете дека размислувате за иднината, како и дека сте личност на која може да и се верува. Јарецот овие особини ги вреднува.
Водолија
Задолжително посетете место каде што има многу луѓе, но тоа не мора да биде кафуле или ресторант. Во изборот влегува и куглана, билијард… Водолиите сакаат дружење. Затоа вие покажете се како добар пријател и „соработник“- дури и ако не успее вашата врска, ќе продолжите да бидете пријатели. На Водолијата и е важно доброто разбирање и искреноста.
Риба
Пронајдете некое романтично место со добра музика, удобно и елегантно. Атмосферата е многу важна. Состанокот можете слободно за го договорите за доцните вечерни часови, Рибите ја сакаат ноќта. Не очајувајте ако се почувствувате можеби малку запоставени – Рибата сигурно ви посветила внимание дури и ако не изгледа така. Бидете опуштени.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Каде да однесете еден Овен, Бик, Рак или друг знак од зодијакот на првиот состанок, прочитајте