Сте се запрашале ли што всушност значат вашите „влажни“ сонови?Честите соништа со сексуална содржина едноставно се индикатори на вашата на состојба на возбуденoст. Ако во сонот вие сте тие кои изневерувате, тоа е можен индикатор за незадоволство во врската.
Ако некогаш сте се запрашале што значат вашите соништа, ние ги имаме одговорите.
Без разлика дали сте без партнер или сте во врска, на сите понекогаш сонуваат соништа со сексуални сценарија. Но, зошто е тоа така и што всушност значи? Др. Џенифер Паркер тврди дека најчесто сонуваме романтични настани кои вклучуваат познати личности и неверство.
Сонувате ли понекогаш табу соништа кои вклучуваат на пример секс со момчето на најдобрата пријателка или со најдобриот пријател на вашето момче, можеби ве мачи чувството на вина поради таквите соништа и можеби токму таквите соништа ве тераат на преслушување на вашата совест околу тоа колку таа личност ве привлекува во реалноста. Но, не грижете се, веројатноста дека сте заљубени во некго во коге не би смееле е многу мала, или барем вашите соништа не упатуваат на тоа. Честите соништа со сексуална содржина едноставно се индикатори на вашата состојба на возбуденост или надеж дека конечно и вам ќе ви се случи малку акција.
Хормоните во оваа приказна, исто така, играат голема улога. Жените најчесто пред менструалниот циклус сонуваат агресивни односи. По менстурацијата, повеќето од жените се чувствуваат сензуални и чувствуват силна потреба за секс, па не е ни изненадувачки што во тие денови, сонуваме соништа исполнети со секс и оргазам.
Единствени соништа кои, по своето значење, се блиски до реалноста се оние кои го вклучуваат вашиот партнер. Или барем така тврдат резултатите од една неодамна спроведена студија. Соништата за вашиот партнер, без разлика дали се добри или лоши, можат да бидат одраз на вистинската состојба во вашата врска. Личностите кои се задоволни во врската, најчесто сонуваат пријатни соништа во кои се однесуваат на нивните партнери, додека оние на кои врската им е во криза, сонуваат соништат кои не се баш бајковити.
Еве како се толкуваат некои соништа:
Неверство – ако во сонот вие изневерувате, тоа е можен индикатор за незадоволство во врската; ако сонувате дека партнерот ве изневерува, можно е во реалноста да се чувствувате несигурно и љубоморно.
Секс со поранешен партнер – без паника, ваквите соништа не мора да значат дека повторно сакате да бидете со него; можеби едноставно сеуште не сте го надминале прекинот на врската или пак се плашите дека сегашната врска се движи во таа насока.
Хомосексуално искуство – ако не сте геј, овие соништа можат да претставуваат прифаќање на вашите лични карактерни црти; атрибутите кои го красат вашиот истополен партнер од сонот, можеби се атрибути кои вие самите ги посакувате.Честите соништа со сексуална содржина едноставно се индикатори на вашата на состојба на возбуденoст. Ако во сонот вие сте тие кои изневерувате, тоа