Откријте зошто сланината толку проклето добро мириса

Нема ништо поубаво од сланина во свежите утра, или пак во мрзеливото летно попладне…Дали е поради мирисот или поради вкусот, ретко кој може да и оддолее. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто сланината толку добро мириса?
Една од предностите на оваа намирница е тоа што во неа не започнувате да уживате кога ќе почнете да ја џвакате, туку додека се пржи и нејзиниот сладок мирис се шири наоколу. Научниците долго време се занимаваат со мистеријата на нејзиниот мирис.
Еве што заклучија: феноменалната арома доаѓа од 150 органски соединенија. Топлината кај мастите, амино киселините и шеќерите, предизвикуваат реакции кои создаваат одредени молекули, а тие ја создаваат таа неодолива арома. Иако поголемиот дел од тие соединенија мирисаат добро и поединечно, вистинското уживање се појавува во моментот кога нивните мириси ќе се помешаат.
Погледнете го видеото и ќе ви стане јасно:
Дали е поради мирисот или поради вкусот, ретко кој може да и оддолее. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто сланината толку добро мириса?

Пронајдете не на следниве мрежи: