недела, 29 ноември 2026
Најново

Открил пропуст на „Гугл“ и добил награда

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Уругвајскиот ученик Езакиел Переира благодарение на Гугл за само некоку часа заработи 10.000 долари.Переира успеал да ги заработи парите откако открил пропуст во серверите на Гугл, преку кој бил можен пристап до приватните податоци на корисниците.
Како што објасни Переира на својот блог, „на 11 јули му било здодевно, па решил да пронајде некој баг на Гугл“.
– Чепкав нешто по сајтот и наидов на зборот „Гугл конфиденшанл“ („Гугл доверливо“), Веднаш ја пријавив грешката и за само неколку часа добив одговор, напиша Переира.
По неколку недели повторно го контактирале од Гугл и го информирале дека поради откриената грешка заработил 10.000 долари.
Переира, кој оваа година завшил средно училиште, на својот блог тврди дека досега со слични „откритија“ на пропусти во интернет системите заработил 16.000 долари.Переира успеал да ги заработи парите откако открил пропуст во серверите на Гугл, преку кој бил можен пристап до приватните податоци на корисниците.

Поврзани вести