Открите го вашиот вистински знак: Ова е најверодостојниот хороскоп!

Тој претставува комбинација од вашиот хороскопски знак одреден според денот и месецот на раѓање и од кинескиот хороскоп според годината на раѓање. Овде знаците се само 7. Тој не ја одрекува индивидуалноста на секој човек но го одредува темпераментот, карактерот во длабочина, како и патот по кој конкретната личност треба да чекори. Всушност мисија и енергија во едно!Најпрво одредете што сте во кинескиот хороскоп!

 
Видете во табелата која е вашата комбинација и кој е вашиот знак.

 1. Крал
       2. Лидер
       3. Рицар
       4. Аристократ
       5. Професор
        6. Шут
7. Вектор

Крал
Овие луѓе живеат под мотото “Се или ништо“. И најдоброто што можат да го направат за себе си е да ја покажуват при секоја дадена шанса својата големина и убавина. Да бараат респект, да бараат да бидат ценети, дури и ако понекогаш тоа изгледа како горделивост. Кралот не треба да страда од комплекс на пониска вредност. Иначе по карактер се дарежливи, помагаат на сите, не страдаат од недостаток на внимание од страна на спротивниот пол. Да не кажеме дека додворувачи имаат во изобилие. Знаат како да комуницираат но и да манипулираат. Не трпат контрола. Ова добро запомнете го, ако вашиот интимен партнер е Крал. Кога се во добро расположение имате чувство дека собата е полна со светлина. Но кога не се расположени, имате чувство дека наближува ураган. Проблемите не ги плашат многу. Кога ќе се појави проблем тоа за нив значи дека мора да се најде решение. Тие наместо да паничат и да се притресуваат, размислуваат трезвено. Овие луѓе не треба да се задоволат со нешто обично. Тоа не е нивна судбина. Предодредени се за големи работи и треба да се на врвот.
Лидер
Луѓе исполнети со многу енергија. Не можат да стојат на едно место, а и не сакаат. Многу брзо се палат, многу брзо им поминува. Знаат да убедуваат и да заразат со инспирација, а можат и само со зборови да ве натераат да се чувствувате мизерно, ако сте им згрешиле. Тешко го прифаќаат туѓото мислење. Но не поради гордост. Едноставно нивниот ум е многу аналитичен. Тие умеат да предвидуваат и прават грешка исклучиво кога емоцијата ќе ги залаже. Затоа не сакаат никој да им соли памет – тие знаат подобро од вас што треба да се направи. Никогаш нема да имаат среќа во животот ако се помират со реалноста и ако стојат како глушец во ќош. Тие треба да бидат активни , да иницираат и да ги водат останатите. Во интимниот живот имаат потреба од партнер кој пред се ќе ги разбира и нема да ги ограничува. Ќе е добро да не им дава повод за љубомора бидејќи како што кажавме, не се од најмирните луѓе.

 
Рицар
Ова се луѓето на честа. Нивното мото е дека треба да постапат правилно, без разлика какви ќе бидат последиците понатаму. Тие не чекаат аплаузи за своите добри дела, но во никој случај не трпат луѓе кои не ги ценат и не ги респектираат. Всушност тие не сакаат многу – едноставно нормален разговор, нормални односи и добра намера. Не се конфликтни, дури им е многу непријатно кога некој друг ќе повиши тон. Ако Рицарот си дозволи нечесните игри да го залажат, или пак дозволи алчноста да го обземе, несреќите ќе доаѓаат една после друга. И ништо чудно редовно да биде болен. Но ако ја осознае и прифати својата благородна улога на чист човек, тогаш неговиот живот ќе биде исполнет со убави моменти. Во однос на љубовта, има потреба од партнер кој не е агресивен и премногу доминантен. Но пред се треба да знае да почитува и да изразува благодарност.
Аристократ
Вашата основна цел е да ја носите убавината на светот. Да бидете префинети, безпрекорни и да раздавате љубов. Како темперамент вие сте пасивни, сакате да мрзелувате и да си угодувате. Како типични арисотократи вие треба редовно да посетувате општествени настани, како и да работите во група, каде набрзо ќе дојде до израз вашата личност. Вашиот интелект е многу интересен. Тоа е комбинација од мудроста на минатото со перспективата на иднината. Вие умеете најдобро да ги реализирате иновативните идеи. Многу од вас ќе станат познати и ќе ужуваат во слава и почести. Во љубовта имате потреба од големо внимание. Не се обидувате да наметнувате мислење. Очекувате партнерот сам да биде свесен и да се однесува како што доликува. Затоа ќе дадеме многу важен совет за вашиот партнер – нека ве набљудува и нека ве запознае многу добро. До најситниот детаљ.
Професор
Овој знак е комбинација од здрав разум, практичност, стабилност и одговорност. Вие сте умни луѓе со природен интелект. Од баналност и простотија ви доаѓа нагон за повраќање. Многу луѓе ви завидуваат но подобро навикнете се. Често ќе бидете обвинувани дека сте горди и студени. Но тоа се небитни работи, затоа што вие имате повисоки цели. Вие треба да ги учите останатите. Што не значи дека треба да станете учители или професори. Бидете такви какви што сте – ладнокрвни, стабилни и интелигентни. Споделте го своето знаење бидејќи другите имаат потреба од тоа. А и вие така ќе се чувствувате исполнето. Во интимен план до вас треба да стои подеднакво паметен партнер на кого ќе му биде пријатно да води долги разговори за животот. Ако се задоволите со некој под ваше ниво, во еден момент многу ќе почне да ве дразни неговата просечност и ограниченост, а тој пак ќе започне да ве смета за горделив дрвен филозоф.

 
Шут
Ако сте си направиле асоцијација со палјачо на кого луѓето треба да му се потсмеваат, грешка сте. Луѓето со знак Шут се едни од најважните. Вашата цел е да…си го живеете животот и да ширите радост! Да се занимавате со она што ви се допаѓа. Да не бидете робови на предрасудите и правилата. Да зрачите со позитивна енергија, да заразувате со насмевки. Да бидете среќни. Сигурно веќе сте почувствувале како секојдневните обврски како миење чинии на пример ве дразнат ужасно многу. Многу нормално. Не велиме дека треба да бидете неодговорни и мрзливи, но навистина би било добро да ги избегнувате досадните работи во животот. Бидејќи тоа ви влијае лошо на енергијата и психата. Како карактер сте многу чувствителни и жалостиви луѓе. Ве боли од туѓата несреќа и точно тоа ја оправдува вашата цел – да ги направите среќни. Во врската ако ви се случи да западнете во период кога ќе се чувствувате несреќни и тажни, тогаш веднаш оставете го партнерот. Имате потреба од човек кој постајано ќе ви изјавува љубов и ќе прави романтични изненадувања. Тоа ве исполнува со енергија.
Вектор
Вие сте авантурист по природа и се одликувате со страшно силен сексапил. Сакате да флертувате, сакате нови работи, сакате да бидете во центар на внимание. А она што го мразите е некој да ви плаче и да кука. Вашата мисија е да создавате. Да го правите животот лесен и полноценет. Не ретко оставате впечаток дека сте ѓаволски човек. Мистичен и донекаде страшен, со кој не бива човек да се шегува. Но од внатре ѕирка добар човек кој само смета дека не секој заслужува да му го види вистинското лице. Ќе простите лоши зборови, но лоши дела никогаш. Во интимен план сте претенциозни. Не му е лесно на човек вистински да ве задоволи. Но од друга страна вие сте во право – знаете колку можете да дадете и не сакате да давате на човек кој не заслужил доволно.
Извор: popara.mkНајпрво одредете што сте во кинескиот хороскоп!

Пронајдете не на следниве мрежи: