Откритие: На Месечината се наоѓаат остатоци од мистериозна планета?!

Со анализирањето на примероците од карпите кои астронаутите на мисијата Аполо ги донесоа на Земјата, потврдено е дека на Месечината се наоѓаат делови од „некој друг свет“.Откритието ја потврдува теоријата дека Месечината настанала кога Теја, мистериозна планета од минатото, удрила во Земјата пред околу 4,5 милијарди години.
Водачот на истражувањето, Даниел Хервац, од Универзитетот во Гетинген вели дека веќе почнал да се сомнева во таа теорија.
„Дојдовме до фаза во која научниците веќе почнаа да зборуваат дека судирот не се ни случил“, вели тој.
За да ја потврди оваа теорија, Хервац ги анализирал изотопите на кислородот од карпите на Месечината кои служат како некој вид на отпечаток. На пример, метеоритот има различно ниво на изотопи на кислород од карпите на Земјата.Откритието ја потврдува теоријата дека Месечината настанала кога Теја, мистериозна планета од минатото, удрила во Земјата пред околу 4,5 милијарди

Пронајдете не на следниве мрежи: