По просечна цена од 193 денари за килограм, досега се откупени околу 14.000 тони тутун или две третини од ланската реколта која тежи 20.000 тони.
Како што изјави претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија Данчо Милески, родот е квалитетен, а од откупната кампања се задоволни и тутунарите и откупувачите. Ако температурите не бидат многу ниски и дозволат домашна манипулација, тутунот ќе се откупи во февруари, иако крајниот рок е 15 март.
– Нема оспорувања на процената, задоволни се и двете страни. Од околу 20.000 тони тутун останува да се откупат уште 3.500 до 4.000, главно во Пелагонискиот регион. Откупот привршува и во источна Македонија каде треба да се преземат уште 200 тони, рече Милески.
Годинава откуп вршат девет компании. – Тутунарите нудат квалитетен род кој реално се цени и затоа нема никакви недоразбирања со откупните претпријатија, истакна Милески, додавајќи дека пунктовите ќе бидат отворени до крајниот рок за откуп, 15 март.Како што изјави претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија Данчо Милески, родот е квалитетен, а од откупната кампања се задово