Отпуштени над 66.000 државни службеници во Турција по обидот за пуч

Бројот на државни службеници во Турција, кои се отпуштени од работа по обидот за преврат, надмина 66.000 лица, јави ТАСС.Според податоци на агенцијата  Анадолија, досега се отпуштени 66.036 лица, од кои, околу 43.000 вработени во Министерството за образование, околу 8.800 во Министерството за внатрешни работи, скоро 5.600 од Министерството за здравство, 1.500 од Министерството за финанции и скоро 1.100 лица од Дирекцијата за верски прашања и Министерството за труд и социјална политика.
Во Министерството за надворешни работи се отпуштени 88 лица, 560 луѓе од Министерството за наука, индустрија и технологии и од Министерството за транспорт, навигација и комуникации 529 лица.
Отпуштени се и 300 луѓе од државното радио и телевизија, 29 од Високиот совет за радио и телевизија и 29 од сателитскиот оператор „Турксел“.
Мала грипа од турската армија изведе обид за воен преврат на 15 јули, во кој беа убиени 290 лица.Според податоци на агенцијата  Анадолија, досега се отпуштени 66.036 лица, од кои, околу 43.000 вработени во Министерството за образование, ок

Пронајдете не на следниве мрежи: