Отпуштени рудари оти во ноќна смена снимале Харлем Шејк

Австралиска рударска компанија соопшти дека отпуштила 15 работници бидејќи за време на ноќната смена го извеле новиот заразен интернет танц Харлем Шејк и со тоа „ја загрозиле безбедноста“ во рудникот. Видеото со долина од 30 секунди поставено на Јутјуб, прикажува група рудари како во рудникот Агњу на западот на Австралија изведуваат Харлем Шејк, танц кој обилно го започнува едно лице, а на која набргу му се приклучува поголема група необично облечени танчери. Компанијата Бармико, која ги отпушти работниците, не го коментираше случајот. Локалните австралиски медиуми ја објавија одлуката која компанијата им ја испратила на отпуштените работници, во која се наведува дека работниците „ги прекршиле клучните вредности на безбедноста, интегритетот и угледот на компанијата“. Отпуштените работници за весникот „Вест Австралијан“ изјавиле дека не ги прекршиле безбедносните правила, тврдејќи дека при снимањето на танчерската точка не ги симнувале заштитните шлемови. Харлем Шејк е електронска танчерска снимка на американскиот музичар Ди-џеј Бауер, објавена минатата година. Во последно време снимката стана глобален интернет феномен со повеќе од 4.000 нови аматерски снимки од цел свет што секој ден се ставаат на Јутјуб.
МакфаксАвстралиска рударска компанија соопшти дека отпуштила 15 работници бидејќи за време на ноќната смена го извеле новиот

Пронајдете не на следниве мрежи: