Отров за спас: Луѓето кои собираат змиски отров на Дискавери

Дали знаете дека за да се направи противотров за каснување од змија, потребен е отровот од змијата? Дали знаете дека годишно повеќе од сто илјади луѓе се каснати од отровници, а дел од нив умираат поради недостиг од противотров?Последните години побарувачката за змиски отров е во пораст, бидејќи освен за производство на противотров, истиот се користи и за други медицински истражувања, како на пример во борбата против дијабетесот, ракот и срцевите заболувања.
 
Серијалот „Ловци на отров“ следи четири тима на експерти од оваа област кои патуваат ширум светот во потрага по најопасните змии познати на човекот. Иако секој од нив ужива во потерата, сите делат една заедничка цел- да спасат човечки живот. Од мочуриштата во Флорида до низините на Оклахома, од дивината на Австралија до пустината во Аризона, екипите со секој направен чекор си го ризикуваат животот. Со повеќе од 600 видови отровни змии на планетата, секој погрешен чекор може да ги чини живот.
Серијалот „Ловци на отров“ следете го на Дискавери од петок, 3 јуни во 20 часот.
Последните години побарувачката за змиски отров е во пораст, бидејќи освен за производство на противотров, истиот се користи и за други медицински

Пронајдете не на следниве мрежи: