Најголемо количество на канцерогени адитиви E250, љубителите на месните преработки во организмот ќе внесат ако конзумираат салама од пилешки гради, паризер, зимска или чајна салама, покажа големото истражување за количеството на нитрити и нитрати во хрватските месни производи на кои работеле четворица хрватски научници.Најмалку адитиви се пронајдени во мортаделата.
Истражувањето на производите од хрватските месни индустии од категориите колбаси, сувомесни и полутрајни сувомесни производи, мерените адитиви и конзерванси во нив, тн. нитрити и нитрати, биле споредени со производите на странските производители. Заклучено е дека хрватските месни производи во најголема мерка содржат адитиви во границите на пропишаното, а од 448 собрани примероци, само во четири се забележани недозволени количини – два пати нитрити и два пати нитрати.
-Нема причина за загриженост – вели за „Јутарњи лист“, Јелка Плеадин од Хрватскиот ветеринарен институт.
Сепак, истражувањето е интересно бидејќи конзументите на колбаси и сувомесни производи сега имаат јасен водич за количината на додатоците кои се наоѓаат во нивните омилени производи, па од списокот на месни производи, ако сакаат може да одбираат од оние кои имаат помалку конзерванси.
Истражувачите заклучиле дека најголемо количество штетни нитрити се содржат во примероците на топлински обработените колбаси, салама од пилешки гради, паризер и посебната салама, а кога станува збор за трајни колбаси – тоа се зимската и сремската салама.
Од друга страна, најмалку забележани количини на E250 измерени се во мортаделата, но и во еден вид паштета за која не наведуваат од што е направена.Најмалку адитиви се пронајдени во мортаделата.
Истражувањето на производите од хрватските месни индустии од категориите колбаси, суво