Доколку сте објавиле некоја фотографија на оваа социјална мрежа неодамна, можеби сте забележале со колку успех Фејсбук препознал кој од вашите пријатели се на нејзе. Оваа социјална мрежа станува се подобра во препознавање на ликови- многу подобра.Новинар од сајтот Dalydot решил да дознае коклу е подобра. Тој објавил албум со 15 фотографии на Фејсбук за да утврди колку алгоритмот за препознавање напреднал. Фотогафиите никогаш претходно не биле објавувани и на нив се наоѓале негови пријатели. Идејата била да се елиминира можноста Фејсбук да ги спореди фотографиите кои веќе биле на неговите сервери.
Социјалната мрежа веднаш идентификувала и обележала лица на осум фотографии, а 7 од 8 обележувања биле точни. Од сликите кои не успеал да ги обележи две биле снимени во темна просторија, едната била заматена, а на една пријателката ја променила фризурата и ги офарбала веѓите.
Важно е да напомене дека од фејсбук не било барано да ги обележи фотографиите- целиот процес автоматски се одвил од моментот кога фотографиите биле префрлени од мобилниот телефон.
Афтоматското скенирање на лица исто така оневозможува правење приватен албум за тестирање затоа што во истиот момент тој станал видлив за лицата кои биле обележани на фотографиите, иако во поставките било обележано да бидат видливи само за корисникот.
Новинарот забележал и дека, кога Фејсбук ќе ве запознае, тој навистина ве запознава.
Неодамнешната пракса за обележување на фотографиите на фејсбук би можела да биде повод за узбуна, но секоја необележана фотографија претставува прилика да се активираат и корисниците. Обележаниот корисник најверојатно ќе ја погледне сликата, ќе стави лајк, а ќе пристигнуваат и коментари- а сето тоа значи долари за Фејсбук.
Судејќи според некои извештаи, технологијата на фејсбук за препознавање на цртите на лицето, наречена Длабоко Лице, е подеднакво добра како и луѓето на одредени тестови.
Можеби не ви се допаѓа фактот што фејсбук сега може да ве идентификува и без ваша согласност да ги обележува фотографиите, но тоа е само дел од големата слика за фејсбук која сигурно е многу поголема, а кому таа не му се допаѓа, решението е кратко и јасно- „delite account“.Новинар од сајтот Dalydot решил да дознае коклу е подобра. Тој објавил албум со 15 фотографии на Фејсбук за да утврди колку алгоритмот за препознав