Дали постои етер и зошто го има во оригиналната Менделеева табела од 1905 година и потоа е укинат?Навршија 182 години од раѓањето на големиот светски руски научник од крајот на 19 век Дмитриј Менделеев, творец на „Периодичниот закон“ или како што е познат денес, периодниот систем на хемиските елементи.
Но, малкумина знаат дека тој ја приложил во светската наука идејата за етерот или звучните бранови или њутониум како што го нарекува. Нејзиното приложување е фундаментално за научното значење во откривањето на тајните на вселената и нејзиното постоење. Воедно, Менделеев го вклучил њутониумот во неговата оригинална периодична табела на хемиските елементи.
Тој е најмалиот составен дел на сите други елементи, помал од молекулите и од честитчката од која произлегуваат атомите. Оригиналот на периодниот систем рускиот научник го објави во 1905 година во учебникот „Основи на хемијата“. Таму во нулта група заедно со познатите инертни гасови хелиум, неон, криптон и ксенон, Менделеев го става и етерот. Го нарекува „њутониум“ во чест на големиот Исак Њутн. Токму тој тврдел: „Целиот простор на универзумот се состои од неостварлив гас, без кој е невозможно постоењето на што и да е.“
Менделеев, исто така смета дека етерот е поврзан со хемијата и физиката како единица и е основен елемент на вселената. На крајот на 19 век, Русинот е еден од последните светски научници кој стои зад идејата дека етерот е супстанца од која се гради универзумот и во неа е клучот за одгатнување на неговата мистерија.
По предвремената смрт, „Периодичниот закон“ бива изменет од Светската академска заедница. Укинувањето на етерот наметнува и промена при која инертните гасови се здружуваат со елементите од осмата група и табелата го стекнува видот во кој се изучува сега.
Бришењето на њутониумот му овозможува на Алберт Ајнштајн, со позајмените идеи на Анри Поанкаре, да ја создаде специјалната Теорија на релативноста. Физичарите се откажуваат од поимот етер и го признаваат електромагнетното поле како доволен објект кој не е потребен како дополнителен носител на етерот. Или кажано на друг начин, наместо етерот, сме го прифатиле електромагнетното поле како поим за дистрибуција и интеракција во кое нема потреба да има етер, бидејќи самото тоа е доволно.
За последен пат, вистинскиот Менделеев систем беше на виделина во 1906 година во Санкт Петербург (учебникот „Основи на хемијата“, VIII издание).
И дури по 96 години заборав, оваа табела за првпат воскреснува од пепелта благодарение на објавувањето на дисертација во списанието „ЖРФМ“ на Руското физичко општество.
Укинувањето по 1906 година на етерот, изродило бројни шпекулации и стана омилено кај љубителите на теории на заговор, претставува „храна“ на љубителите на трансцедентното и окултното да развиваат секакви теории врз база на Семоќниот етер во кој живееме и од кој е составен универзумот.
Интересен факт е дека Менделеев не зема Нобелова награда за откритието. Иако е номиниран во 1906 година за наградата за хемија, Шведската кралска академија се противи. Оваа интервенција се објаснува со силното влијание на шведскиот хемичар Сванте Арениус, нобеловец по хемија за 1903 година за Теоријата на електролитната дисоцијација, на која Менделеев бил познат критичар. Рускиот научник умира следната година и така не е меѓу признаените.
„Обид за хемиско разбирање на светскиот етер“, 1905 година, стр. 27
„Ако аналозите на аргонот воопшто не даваат соединенија, тогаш е очигледно дека не можеме да вклучиме ниту една од групите на порано познатите елементи и за нив треба да откриеме посебна група – нулта…
Оваа состојба на аргоновите аналози во нултата група е строго логична последица од разбирањето на периодичниот закон, затоа (ставањето во група VIII очигледно не е точно) е прифатена не само од мене, но и од Брајзнер, Пичини и други…
Сега, кога нема ни најмал сомнеж дека пред оваа I група, во која треба да го поставиме водородот, постои нулта група, чии претставници имаат тежина на атомите, помала отколку на елементите од I група, ми се чини невозможно да го негираме постоењето на полесни елементи од водородот.
Од нив, треба да се обрне внимание прво на елементите од првата серија на првата група. Го означуваат го со „y“. На него очигледно ќе припаѓаат основните својства на аргоновите гасови… Корониумот е со густина од редот на 0,2 спрема водородот и тој не може во никој случај да биде светски етер.
Овој елемент „у“ сепак е потребен за мисловно да се доближиме до овој најнов главен, затоа и најбрзо движечки елемент „х“, кој според мојата визија може да се смета за етер. Посакувам однапред да го наречам њутониум – во чест на бесмртниот Њутн.
Привлекувањето и задачата на целата енергија не може да има реално решение без реалното разбирање на етерот како светска средина, таквата енергија на далечина.
Вистинското разбирање на етерот не може да се постигне ако се игнорира неговото постоење и не се смета за елементарна материја.“
„Основи на хемијата“, VIII издание, 1906 година, стр. 613 и после
Овие елементи, по величина на нивните атомски тежини, зазедоа точно место меѓу халоидите и алкалните метали, како што е прикажано кај Ремзи во 1900 година. Од овие елементи е неопходно да се формира посебна нулта група која пред сите во 1900 година ја признал Херера во Белгија. Сметам тука за корисно да се додаде дека поради неспособноста за соединение на елементите од нултата група, аналози на аргонот треба да се стават понапред од елементите од првата група и во духот на периодниот систем да очекуваме за нив помала атомска тежина, отколку кај алкални метали.
Така и се испоставува. А штом е така, тогаш и оваа околност, од една страна, служи за потврдување на исправноста на периодичните начела, а од друга – јасно го покажува односот на аналозите на аргонот кон други, претходно непознати елементи. Како последица на тоа може да се очекуваат елементи од нултата низа со атомски тежини доста помали отколку на водородот.
На таков начин може да се покаже дека во првата редица пред водородот постои елемент од нулта група со атомска тежина 0,4 (можеби тоа е елементот корониум на Јанг), а во нултата редица, во нултата група – елемент со ништожно мала атомска тежина, неспособен на хемиски интеракции и како последица на ова поседува исклучително брзо сопствено делумно движење (гас).
Овие својства можеби треба да се припишат на атомите на светскиот етер. Мислата за тоа е наведена во Предговорот кон ова издание и во руска журнална статија од 1902 година… “
Корониум е името дадено на елемент кој научниците во 19 век претпоставувале дека постои во круната на Сонцето. Истражувачите набљудувале непозната зелена лента во спектрите на сончевиот ореол, која е видлива само при целосно затемнување на Сонцето. Независно еден од друг, Чарлс Аугустус Јанг и Вилијам Харкнес ги набљудувале зелените гасови при 530.3 нанометри за време на затемнувањето на 7 август 1869 година.
Оваа лента не одговарала на спектарот на ниту еден познат елемент и за тоа било предложено името корониум како извор на бојата.
Во 1930 година, Валтер Гротриан и Бенгт Едлен ја идентификувале природата на зелените ленти. Тие сфатиле дека тие не се предизвикани од непознат елемент, туку од силно наполнето железо, Fe13 +. Силно натоварени метални јони се одговорни и за други претходно неидентификувани ленти во сончевите спектри.Навршија 182 години од раѓањето на големиот светски руски научник од крајот на 19 век Дмитриј Менделеев, творец на „Периодичниот закон&l