Отстранет споменикот на Стив Џобс во Санкт Петербург!

Споменикот на Стив Џобс во вид на џиновски Ајфон во технопаркот на Истражувачкиот институт за информатичка технологија во Санкт Петербург е демонтиран по признанието на шефот на Епл, Тим Кук за неговата необична сексуална ориентација.Скулптурата е поставена по иницијатива на холдингот „Западноевропска финансиска унија“  во јануари минатата година.
Од прес службата соопштуваат  дека причини за демонтажата е спроведување на законот за забрана на пропагандата на хомосексуализмот меѓу малолетниците и разоткривањето на поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност на САД Едвард Сноуден, според кого производите на Епл пренесуваат податоци за своите сопственици на американските тајни служби.
На споменикот имало поставен  интерактивен екран, на кој се појавувале информации за основачот на компанијата Епл. Претседателот на „Западноевропската финансиска унија“, Максим Долгополов изјавил дека е можно повторно монтирање на споменикот, под услов со огромниот апарат да може да испрати порака во САД за откажување од производите на Епл.Скулптурата е поставена по иницијатива на холдингот „Западноевропска финансиска унија“  во јануари минатата година.
Од пре

Пронајдете не на следниве мрежи: