Поголемиот дел од луѓето не се свесни дека овошјето и зеленчукот поминува низ хемиски процес при култивацијата. Но, она што мал број луѓе го знаат дека пестицидите кои често се користат од страна на полјоделците остануваат на производите.Секако, овие хемиски остатоци не се видливи за човечкото око, но тоа не значи дека не се опасни за здравјето. Како резултат од тестирањето на овошјето и зеленчукот кое било спроведено во неколку групи, откриени се исклучително високи остатоци од пестициди.
Според Центарот за наука и заштита на животната средина (СЅЕ), „високото ниво на остатоците од пестициди може да биде доволно токсично да предизвика рак, оштетување на нервниот и репродуктивниот систем, дефекти и сериозни нарушувања на имунитетот“.
Бидејќи не може ништо да се стори околу претераната употреба на пестициди од страна на полјоделците, треба да научите како правилно да ги исчистите производите од хемиските остатоци пред консумирање.
Постојат неколку ефикасни методи тоа да се направи на природен начин со употреба на состојки од вашиот шпајз.
1. Алкохолен оцет
Оцетот е една од најефикасните состојки за отстранување на бактерии и пестициди од овошјето и зеленчукот. Разблажете 10% алкохолен оцет со 90% вода и потопете ги овошјето и зеленчукот во мешавината. Оставете да дејствува извесно време, повремено мешајќи. Исперете добро.
2. Сода бикарбона
Ова е уште една сјајна метода за чистење на овошјето и зеленчукот на природен и ефикасен начин. Во подлабок лонец истурете 5 чаши вода. Додадете 4 лажици сода бикарбона и мешајте сѐ додека не се раствори добро. Оставете да отстои 15 минути. Потоа извадете ги овошјето и зеленчукот и избришете со сува крпа.
3. Мешавина од куркума
Поради своите можни антибактериски својства, куркумата исто така може да се користи за отстранување на штетните материи од храната. Додадете пет лажички куркума во зовриена вода. Откако ќе се олади, додадете ги овошјето и зеленчукот, оставајќи ги извесно време да отстојат. Исперете ги во сад со чиста вода. Вашето овошје и зеленчук сега е безбедно за јадење.Секако, овие хемиски остатоци не се видливи за човечкото око, но тоа не значи дека не се опасни за здравјето. Како резултат од тестирањето на овошј


