Сите ние сме свесни дека консумирањето на нездрава храна не е добро за нашето здравје, но не можеме да се натераме да се откажеме од неаДва дена пред да почнете со детоксикација, престанете да внесувате млечни производи бидејќи тие побавно се варат и можат да го спречат прочистувањето. Вашето тело мора да биде без токсини кои поттикнуваат од млечни производи пред да започнете со детоксикација.
– Прво, напијте се една шолја билен лаксатив ноќта пред да почнете со детоксикација за да ги исчистите своите црева од токсини кои предизвикуваат запек.
– Подгответе лимонада од цели два лимона и половина шолја вода и испијте ја пред појадок. Тоа ќе ви помогне да ја сварите алкалната храна и со помош на вашите бели дробови да се регенерира.
– После појадок напијте се 1,5 шолја сок од грејпфрут, можете да пиете сок од ананас наместо грејпфрут. Овие сокови се полни со антиоксиданти кои го одржуваат респираторниот систем здрав.
– Напијте се 1 – 1,5 шолја чист сок од морков помеѓу појадок и ручек, за да ја алкализирате крвта за време на детоксикација. Морковите се богати со бета каротен кој во организмот се претвора во витамин А и поволно делува на организмот.
– За време на ручекот напијте се 1,5 шолја сок кој содржи многу калиум. Тој сок најдобро е да го направите од целер, магдонос, морков, алги и спанаќ.
– Еден час пред вечера напијте се шолја чај за исфрлање на слузта. Тој би требало да содржи ѓумбир, шипка и нане мента. Сите тие билки се одлични за одзатнување на носот и респираторниот тракт.
– Пред да одите на спиење, напијте се 340 мл чист сок од брусница за да ги спречите бактериите во белите дробови кои можат да предизвикаат инфекција. Два дена пред да почнете со детоксикација, престанете да внесувате млечни производи бидејќи тие побавно се варат и можат да го спречат прочистувањето.