Отстранете го кариесот во домашни услови и на сосема природен начин!

Многу луѓе се сомневаат во можноста за лекување на кариесот на природен начин, бидејќи сите сме научени дека пополнувањето на шуплината кај забарот е единствен начин да се постигне ефект.Но, не мора да биде така.
Пропаѓањето на забите е уште една порака на нашиот организам дека нешто не е во рамнотежа. Здравјето на забите се држи под контрола со правилна исхрана, а не со помош на флуорид. Всушност, флуоридот не ги зајакнува забите, туку го доведува нашето здравје во опасност.
Во скорешно истражување објавено во The Lancet Neurology, флуоридот е додаден на листата токсични хемикалии кои влијаат на животната средина и допринесуваат кон појавата на болести, како што се аутизам и хиперкинетичко пореметување (АДХД). Флуоридот се најде на листата на која се живата и арсенот. За жал, флуорираната вода, па дури и флашираната вода се честа појава.
Расипувањето на забите се случува поради многу причини, вклучувајќи:
– недостаток на растворливи витамини во мастите (главно витамините А и Д).
– исхрана во која доминира преработена храна,
– хормонски дисбаланс,
– недоволно минерали во исхраната,
– исхрана богата со фитинска киселина (во поголемиот дел од житарките, оревите и мешунките). Фитинската киселина може да се неутрализира доколу овие јадења преку ноќ се потопат во вода, во која се додава лажица оцет или лимонов сок.

Ако спаѓате во групата луѓе кои не сакаат да одат на забар или едноставно сакате да се зачувате од трошоци, посотојат работи кои можете само да ги направите, а кои можат значително да го подобрат вашето орално здравје.
Покрај миењето на забите и употребата на забен конец, постојат неколку начини да го излечите кариесот и да го унапредите оралното здравје.
Овие неколку совети се за вас:
– јадете намирници богати со витамините А, Д, Е, и К. Внесувајте доволно калциум, фосфор, магнезиум и други клучни минерали.
– јадете храна збогатена со влакна за да се зголеми производството на плунка во устата, која служи како природна заштита на забите.
– земајте додаток на витамин Д.
– јадете сирење секојдневно бидејќи е богато со калциум, така ќе се заштитите од настанувањето на кариес.
– плакнете ја устата со кокосово масло 20 минути.
– отарасете се од храна и пијалаци со рафиниран шеќер, бидејќи можат да создадат наслаги.
– користете минерална паста за заби. Има вкус на глина, но е многу подобра опција.
– пијте минерални капки (10 капки по два пати дневно).
Дополнителни совети
– редовно користете антибактериска вода за плакнење на устата. Ова може да ви помогне да ги елиминирате бактериите, отстраните плакот и спречите појава на болест на непцата.
– исплакнете ја устата со топла вода по секоја ужина или пијалок.
– пијте зелен чај за намалување на каменецот и појавата на бактерии во устата.
– по пиењето на било каков кисел пијалак, измијте ги забите и темелно исплакнете со топла вода.
– џвакајте местики без шеќер за да го стимулирате создавањето на плунка и да ги зајакнете забите.
– пијте доволно количество вода во текот на денот. Водата не само што помага при расчистувањето на бактериите, туку е важен дел од процесот за создавање на плунка.
– редовно пијте сок од брусница бидејќи ја подобрува оралната хигиена. Но, не мора да биде така.
Пропаѓањето на забите е уште една порака на нашиот организам дека нешто не е во рамнотежа. Здравјето на забите се

Пронајдете не на следниве мрежи: