Отстранете го мирисот на кромид од рацете со овој едноставен ТРИК!

Loading...

На секоја домаќинка добро и е позната маката на сечењето кромид и мирисот кој упорно останува на рацете неколку часа, па и денови подоцна.Овие совети не само што се природни, туку и имаат неверојатен ефект:
-Пред се, од огромна важност е температурата на водата со која ги миете рацете: Таа не смее да биде млака. Ладната вода се покажала како многу поуспешна во отстранувањето на непријатниот мирис од рацете.
-Измијте ги рацете со сол. Можете да направите микс од сол и сапун за раце и да ги истриете рацете со мешавината. Со плакнењето на рацете, го отстранувате и мирисот, а исто така ви користи и во отстранувањето на мртвата кожа.
-Оцет или сок од лимон: Овие две намирници имаат сличен ефект, и се одлични во отстранувањето на непријатната миризба.
-Успешна комбинација е и мешавината од лимонов сок со сол. Исплакнете со ладна вода.
-Триење на рацете со компир: Иако звучи чудно, многумина го препорачуваат овој метод.
-Мешавина од брашно и сода бикарбона исто така е еден од неверојатно успешните комбинации на состојки што се наоѓаат во кујната.
-Ако не ви се допаѓа ниеден од овие методи, измијте ги рацете со малку паста за заби. Истиот метод се користи и при обработување на риба.
-За крај, на следната страница погледнете го далеку најуспешниот, најпопуларниот метод за отстранување на миризбата, за кој сме сигурни дека никогаш не би се сетиле.

Истријте ги рацете со нешто направено од не'рѓосувачки челик:
Тоа може да е лажица, или било кој друг предмет што сте го нашле во кујната.
Звучи неверојатно, но овој метод важи за најуспешен.Овие совети не само што се природни, туку и имаат неверојатен ефект:

loading...