Отворањето на најголемиот тунел на светот беше бизарен окултен ритуал

На отворањето на тунелот низ Готхард во Швајцарија присуствуваа најмоќните луѓе од Европа, но тоа личеше на мрачен, чуден и вознемирувачки сатанистички ритуал, пишува Vigilant Citizen.Со должина од над 57км и цена над 11 милијарди евра, тунелот низ Готхард е најдолгиот и најскапиот проект во историјата. Поминува низ Швајцарските Алпи, и беа потребни 17 години за да се доврши. Се смета за симбол на Европското обединување во услови на се позасилен национализам и затворање на границите.
За да се прослави отворањето на тунелот, пред важните европски луѓе, како Ангела Меркел, претседателот на Франција Франсоа Оланд, и италијанскиот премиер Матео Ренѕи, наспроти очекувањата за голема и весела церемонија, беше претставено вознемирувачко шоу, диригирано од Германецот Волкер Хесе, и во кое човек облечен како коза извршуваше чуден ритуал.
Сцената многу наликуваше на нешто што е нарачано од Илуминатите:

Церемонијата започна со работници облечени во портокалово кои бавно одеа во ритамот на воен марш:

По претставувањето на работниците како зомби-војници, работите станаа почудни. Возот донесе млади луѓе облечени во бел веш, кои треба да ги претставуваат луѓето што ќе патуваат низ тунелот. Од некоја причина луѓето почнаа да се грабаат на сексуален начин:

Потоа следуваше паднат ангел, Луцифер со лице на бебе, а од тој момент натаму, настанот се претвори во целосно сатанистичка церемонија:

Каква врска има ова со градење на тунел? Медиумите залудно се обидуваа да го најдат одговорот, прашувајќи се дали можеби има врска со козите што живеат на Алпите. Но зошто тогаш луѓето се поклонуваат на човекот-коза?

Вториот дел од церемонијата се одвиваше надвор и со сличен ред: Најпрво беа зомби-работниците, проследени од луѓето во долна облека, подготвувајќи го теренот на Сатаната лично:

Заклучок: Моќта и симболизмот и се најважни на окултната елита, а церемонијата ги прикажа и двете. Иако, церемонијата е за обичен тунел, елитата ни порача дека ги контролира работната сила и ресурсите на светот. Со други зборови, тие се оние што ја контролираат политиката и економијата. Со ваквите церемонии, елитата му порача на светот: „Ова е нашата идеологија, ова го мислиме за вас и нема што да направите во врска со тоа“.
Церемонијата за отворањето на тунелот во Готхард претвори голем дел од инженерството во религиозна церемонија посветена на Бафомет, исмевајќи ги работниците што ги жртвувале своите животи и масите народ што ќе патуваат низ тунелот. Потоа, најмоќните луѓе на Европа стоеја и со овации ја поздравија церемонијата посветена на вистинскиот владетел.
Со должина од над 57км и цена над 11 милијарди евра, тунелот низ Готхард е најдолгиот и најскапиот проект во историјата. Поминува низ Швајцарските

Пронајдете не на следниве мрежи: