Дваесет и првиот по ред приватен дом за стари лица денеска беше отворен во населбата Припор.Станува збор за приватниот старски дом „Лабос“, втора по ред инвестиција која ја отвораат сопствениците.
Се работи за инвестиција вредна 400.000 евра, со која ќе се згрижат 35 стари лица и ќе се овозможат 20 нови работни места.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека сите поволности кои што ги воведе Владата во изминатиот период за отворање на старски домови веќе даваат резултати, како евтината цена за изградено земјиште за метар квадратен, намалени комуналии, користење на мерките за вработување и грант за отворање на старски домови од 12.500 евра за отворање на капацитет за 40 стари лица.
Спасов информираше дека околу 6 нови приватни домови се во постапка на отворање и наскоро се очекува да започнат со својата дејност.
Конкуренцијата на старските домови ќе влијае за намалување на цената и за подобрување на условите во старските домови. Приватните домови отвораат и нови работни места. Досега се отворени 285 нови работни места во овие 21 приватен старски дом, со 650 легла, изјави Спасов.
Министерот ги повика сите заинтересирани инвеститори да ги искористат поволностите кои ги нуди Владата за отворање на приватни старски домови.Станува збор за приватниот старски дом „Лабос“, втора по ред инвестиција која ја отво