Седумдесеттина слависти од 17 држави ќе бидат дел од годинешниот 49-ти по ред Меѓународен семинар по македонски јазик, литература и култура што денеска беше отворен во Охрид, а се одржува во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.– Јазикот го носи идентитетот на секој народ. Мислам дека треба да ни се разбуди свеста дека јазикот е цел културолошки концепт и тоа е она што не држи во идентитетот. Зборуваме за признавање, покажување на јазикот. Треба еднаш да излезиме од тој концепт. Кога луѓе од 17 земји, лингвисти дури и од Кина и Јужна Кореја покажуваат интерес да го изучуваат македонскиот јазик, нема поголемо докажување за иденититетот и посебноста на нашиот, рече Славица Велева, директор на семинарот.
Оваа година се одбележуваат повеќе значајни јубилеи меѓу кои 1100-годишнината од смртта на Св. Климент Охридски основоположникот на Охридската книжевна школа, 70 години од објавувањето на првата граматика на современиот македонски јазик и 70 години од објавувањето на првите книги за деца на современ македонски јазик. Дел од тематските предавања се однесуваат токму на посочените теми, што ќе ги водат универзитетски професори и истакнати научни работници од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Велева како македонист со забелешка дека кога се работи за литературата за деца, истата треба да се ревидира, навраќајќи се кон нејзините почетоци.
– Мислам дека треба малку да се навратиме и да се потсетиме на она што е богатство во македонската детска литература. Можеби треба да почнеме повторно од Марко Цепенков, па да одиме хронолошки понатаму, затоа што анализирајќи од јазичен, структурен, стилски аспект мислам дека нешто сме подзаборавиле, истакна таа.
Професор д-р. Димитар Пандев укажа на потребата од подигнување на статусот на македонскиот јазик во образованието, во смисла на поголемо внимание кон совладувањето на неговата граматика бидејќи, како што рече, токму преку нејзина употреба можеме да зборуваме за посуптилна и поинтелектуална употреба на македонскиот јазик со сите негови нијанси.
– Во образовниот процес во земјата како да преовладуваат некои туѓи проекти. Во наставната програма по литература повеќе внимание им се посветува на странски отколку на македонските автори. Во основа потребна е нова програма во која ќе се направи поголема врска меѓу јазикот и литературата, но и медиумската култура бидејќи нам денес најмногу може да ни пречи нискиот степен на медиумска култура, рече Пандов.
Во периодот до 26 јуни македонските и странските експерти пред учесниците на летната школа ќе ги презентираат своите најнови истражувања од областа на македонистиката. Учесници на семинарот се странски студенти од прв циклус студии кои го слушаат предметот македонски јазик во рамките на студиските програми на своите универзитети, потоа студенти на втор и трет циклус студии кои во своите истражувања проследуваат теми во врска со македонскиот јазик, литература и култура, како и научни работници и универзитетски професори кои истражувале или истражуваат проекти од областа на македонистиката.
Самата настава во рамки на семинарот се одвива на македонски јазик, а предвидува секојдневни активности на учесниците насочени кон изучувањето на македонскиот јазик преку лекторски курсеви поделени според степенот на познавање на јазикот.
Во рамки на семинарот на 23 и 24 јуни ќе се одржи и 43-та Меѓународна научна конференција.– Јазикот го носи идентитетот на секој народ. Мислам дека треба да ни се разбуди свеста дека јазикот е цел културолошки концепт и тоа е она ш