Центарот за вработување во Кратово од денеска функционира во нов објект. Средствата за реновирање се обезбедени од Агенцијата за вработување, а се очекува да го подигне квалитетот на услугите што ги нуди и на граѓаните и на компаниите.-За нас е особено важно институциите континуирано да ги подобруваат услугите што ги нудат на граѓаните, во исто време да стигнат до што е можно поголем број граѓани да им ги понудиме услугите, мерките што ги има на располагање, поволностите и можностите со цел да им помогнеме побрзо и полесно да стигнат до посакуваното работно место, како и за приватните компании и други институции со кои секојдневно соработуваат, изјави Спасов.
Според него, особено е важно Центарот за вработување да има квалитетни услови за работа, а со тоа и поквалитетни услуги што ги нуди самата институција.
– Изминатиот период инвестираме многу во подобрување на условите за работа на институциите под Министерството за труд и социјална политика. Досега преку ИПА програмата на ЕУ се издвоени околу 1 милион евра за реновирање на центрите за вработување. Завршено е со целосно реновирање и опремување со нова модерна и современа опрема, со 12 центри за вработување во нашата држава. Исто така, околу 11 центри за социјална работа се целосно реновирани со сопствени средства, додека, пак, има тековен проект во реализација преку ИПА програмата на ЕУ исто во износ од околу еден милион евра за реновирање на вкупно 30 објекти при центрите за социјална работа и дневните центри. Има голем број инвестиции во овој дел и со тоа верувам дека значително се подобруваат условите за работа на вработените и квалитетот на услугите што ги даваат овие институции, бидејќи тука секојдневно циркулираат голем број граѓани кои треба да бидат позадоволни од услугата, треба да ги остварат своите права, меѓутоа и да ги искористат мерките за вработување коишто ги нуди државата со цел нивно полесно вработување, истакна Спасов.
Тој додаде дека и понатаму ќе се продолжи со вакви проекти, бидејќи, како што појасни, самиот Центар за вработување во Кратово бележи позитивни резултати во работењето.
Во 2006 година во Кратово во евиденцијата на Агенцијата за вработување имало околу 2.600 невработени лица, а денеска има половина помалку, или, пак, околу 1.300 од кои, како што истакна Спасов, околу 800 се активни баратели на работа, а 500 лица се пасивни баратели на работа.
Според него во Кратово има позитивни резултати од реализацијата на проектот „Македонија вработува“ преку кој има реализирано 54 работни места. Покрај овој, додаде, се спроведуваат и останатите мерки за вработување, како што е грантот за самовработување, поддршката на вработувањето на лицата со инвалидност, како и големиот број обуки што се нудат преку Центарот за вработување и преку Оперативниот план за активни мерки и политики за вработување на Владата на Република Македонија.
Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски потенцира дека е обезбеден нов објект бидејќи стариот не ги задоволуваше потребите и со средства од Агенцијата е реновиран објектот кој е обезбеден пред една година.
Тој најави дека ќе се реновира и објектот во Дебар, а во 2017 година ќе се реновира и објектот во Струмица. – Засега се тие во план бидејќи толку средства имаме планирано, но подоцна ќе бидат и во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Прилеп и на крајот ќе остане Велес бидејќи во Велес ќе треба да бараме нов објект, појасни Поповски.-За нас е особено важно институциите континуирано да ги подобруваат услугите што ги нудат на граѓаните, во исто време да стигнат до што е можно пог