Не знам на кои и какви пријатели мислиш кога прашуваш дали Македонија води разумна политика кога со своите грешки и неисполнети критериуми ги губи почитта и пријателите. Доказ дека води многу разумна политика е фактот што сѐ уште опстојува и, пази чудо, напредува.Никола Димитров, поранешен амбасадор на Република Македонија и македонски преговарач во спорот со Грција за името и идентитетот на мнозинскиот народ, несуден амбасадор во Русија, а сегашен вработен во холандскиот хашки институт за глобална правда, ни се обрати со тестаментално писмо „За каузата се работи“.
Содржината на политичкиот тестамент на Димитров ме заинтригира и поради насловот, но повеќе поради тоа што сакав да продрам во суштината на ликот, неговата ментално-мисловно-интелектуална матрица. Приватниот дел од оваа личност воопшто не ме интересира. Ама, јавниот отпечаток на истата таа приватна страна навистина сум должна да го проанализирам. Зошто отворено писмо? На чија адреса е упатено? Што треба да поттикне? Зошто токму сега, а не да речеме пред изборите или на 25 декември лани? Или додека надворешните работи ги водеше Љубомир Фрчкоски, Илинка Митрева?
Самата форма на општење со јавноста, односно вакво испраќање пораки до конкретна адреса, која сепак не се соопштува туку треба кобајаги да се дешифрира, не е некоја новина, особено не кај нас. Амбасадорите Ѓорѓи Спасов и Љупчо Јордановски го сторија тоа преку полемика и обајцата ги завршија експресно своите дипломатски кариери. Ивица Боцевски го стори тоа за да ја образложи дополнително својата оставка од позицијата потпретседател на Владата одговорен за евроинтеграциите. Димитров го стори тоа откако одби да ја застапува македонската државна политика во Москва, односно додека не си најде соодветно вработување во експозитура на холандската влада, земјата во која претходно службуваше како македонски амбасадор. За каузата демек се работело!
Пази богати! Од целата содржина на тестаментов, јас осознав дека и овој македонски угледник е само обичен опортунист, кариерист што фатил штрафта за да истерува глобална правда. Како се прави тоа? Со длабока индоктринација, никакви идеали и ич совест и самосвест. Штом и Димитров се фати да објаснува што било тоа патриотизам и кој е а кој не е патриот, јасна е џанам работава. Мене ми е. На Никола не му се допаѓа она што го гледа кога стои пред своето интимно огледало. Не она што му го дава одразот на надворешниот лик, туку она во кое никој од нас не сака доброволно да погледне зашто ја открива суштината на личноста, без слоеви суета, самозалажувачка и самоглорификација. И сега, преку отворено писмо – пораки до нацијата и власта – ќе „дрви“ во обид да го скрие она што е јасно дека тој е најобичен опортунист, кој егоистички си го средува сопствениот живот.
Нека му е со среќа, ама нека не ни продава ни памет ни знаење за каузи, демократија, стандарди и историја. Ајде да го осветлиме ликов на Димитров малку поинаку, нестандардно: замислете ја Македонија во ситуација слична како онаа во Сирија или во Украина. Замислете го, ако сакате, историски во периодот кога се крчкаше Втората светска војна, а политичарите беа исправени пред дилемата дали да се приклонат кон политиката на сила што доминираше во Европа а ја креираше Хитлер, или да ѝ се спротивстават. Што мислите, на која страна ќе отидеше нашиов демократ и борец за глобални човекови права? Нормално, пред да напише слично збогувачко срцепарателно писмо што треба да ни ја разбуди свеста, а нему да му послужи како историски сертификат дека некогаш постоел. Врие светов бре од слични дипломати, министри што го напуштаат бојното поле среде битка и за 180 степени го менуваат сопствениот политичко-филозофски светоглед. И никој не ги помни.
Димитров смета дека „името е проблем што не треба да биде проблем, и тоа не во Европа и не во 21 век“. Сега вака: чие било име не е проблем никаде и во никој век ако не постојат насилници што не мислат така. Зошто Европа да е исклучок освен ако наш Никола не е жртва на историски спин дека Европа е цивилизирана за разлика од другите континенти. Македонија нема проблем со својот идентитет ни во Африка, Азија или Латинска Америка. Има проблем со оној дел од светот што тој го именува како „меѓународна заедница“. Има проблем токму со оние што го создадоа тој проблем и сакаат да го решат со политика на сила, оти тие се сила. А што пак го прави исклучителен 21 век? Европа денес е сериозно фашизирана. Уште е колонијалистичка и расистичка.
Учествува во регионални војни, активно поттикнува и финансиски помага граѓански и регионални војни. Политички е дезориентирана, економски крахирана, правно недоправена, а морално тотално компромитирана. Почитуван Димитров, ајде директно да те прашам. Велиш: „Нема рационални причини ни легална основа изборот на името да биде спречен, принудно наметнат“. Добро. Тогаш на што ли мислиш мајката кога си ни напишал „но, реалноста е поинаква“. Чија реалност е таа? На некои моќни лудаци? Оти, нели, ти како глобален борец за човекови порава знаеш дека, и легално и рационално, никој не може да ја загрози нашата слобода на избор. Така пишува во повелбата на ООН. Ако проблемот ни го прават лудаци, односно тие преку спорот за името ни ги блокираат земјата и иднината, какво фајде ќе има иљачот што ни го нудиш, а тој е „овој проблем нѐ обврзува на мудрост и одговорност“.
„Требало да сме отвореле сериозни дебати за внатрешен консензус, а не да сме чекале нештата да се подобрат сами“. Што е сега? Тестаментално ни ја продаваш американската иницијатива на Филип Рикер да сме дебатирале за името со кое ние немаме никаков проблем? Плус сакаш да изградиме консензус!? Околу што, ти се молам, кога сите веќе мислиме исто. Чуму? За да си ја бркаме опашката ли? Така велиш, ама не мислиш така. Знаеш добро дека има и такви што се подготвени веднаш да кажат „името го даваме“. Тие треба да ги размножиме преку јавна дебата, нели? Фала богу, донатори со пари има во „меѓународната“, а има и ороспии што даваат услуги за пари. Богами, јас знам само тоа дека на лудаци немаш што да им објаснуваш, оти тие живеат во свој свет.
Сета мудрост е во тоа дали ќе избереш да губиш време со такви и на крајот и ти да полудиш или ќе најдеш начини да си го нормализираш животот заобиколувајќи ги во широк круг, борејќи се со сите расположливи сили и капацитети против лудилото. Не знам на кои и какви пријатели мислиш кога прашуваш дали Македонија води разумна политика кога со своите грешки и неисполнети критериуми ги губи почитта и пријателите. Доказ дека води многу разумна политика е фактот што сѐ уште опстојува и, пази чудо, напредува, и покрај честите агресивни налети на секакви лудаци што се од таборот на твојата „меѓународна заедница“, а со асистенција на домашните. Таа е разочарана од нивото на медиумски слободи, нивото на демократија и неуспехот на 24 декември, за кога беше закажан пучот. Ако.
Важно е ние да не се разочараме во себе. А колку се тие кредибилни како оценки, белки и ти од удобна холандска оддалеченост можеш да насетиш кога ќе слушнеш за Украина од нивните пропагандисти во медиумите. Кога веќе сосема си изумил слично нешто со кое ние се сретнавме во 2001 година. Не знам за тебе, ама јас сум одлучно против да ми сврдла некој во мозок со фрази и вредносни квалификации што немаат никаква допирна точка со логика, разум, морал и факти. Не давам да ме индоктринираат. Имено, не постои начин на кој еден убиец со умисла ќе го идентификуваш во „борец за човекови права“ или во востаник со книга во раце.
А видиш, во еден миг „мудро“ под притисок на лудаци, нашиот државен естаблишмент потпомогнат од „слободните новинари и интелектуалци-експертути“, дарежливо финансирани се од едни исти „пријатели“ токму тоа го сторија и со промена на устав и со поведение, за сега тие убијци да нn4; уценуваат околу името. Во име на „мудроста“ стоички дозволивме овде, во Европа, во 21 век, да нѐ жигосуваат како говеда кога одиме на избори, да ни ја оспоруваат изборната волја, да трпиме налети на притисок при составување влада и по секоја цена да мораме да коалицираме со дестабилизирачки инсталат измислен за обезличување и на земјата и на народот.
Во името на „мирот и мудроста“ и „пријателите“ од „меѓународната“, за кои ти и сега се залагаш, Македонија веќе не сака да се саможртвува. Доволно е мудра и искусна да знае дека пријателството е приватна емотивна врска меѓу индивидуи со слични афинитети и погледи кон нештата, а пред сѐ животот. Државите не се дружат, туку соработуваат, ако имаат макар минимум обостран интерес и делат некои заеднички вредности. И затоа не ни се заканувај и ти, не се самодемантирај со тоа што ќе ни се повториш дека ако не сме умни, може да нѐ снајде решение далеку од посакуваното. Оти нели „нема рационални причини ни легална основа тој избор да биде принудно наметнат“.
Како историска жртва на секакви политики на сила, Македонија, активно или пасивно, зависи од моментните услови, секогаш се борела, се бори и ќе се бори против антихуманизмот зашто тоа е единствениот начин да се опстои. Овој пат без тебе, а по твој избор. И затоа, живеј си како што си избрал и не се обидувај повеќе да нn4; направиш нас одговорни за таквиот личен избор. Голем си веќе за да се криеш во нечиј скут.
Автор: Мирка Велиновска
Извор: Јади БурекНикола Димитров, поранешен амбасадор на Република Македонија и македонски преговарач во спорот со Грција за името и идентитетот на мнозинскиот наро