Вчеравечер /19.02.2016 година, петок/ во галеријата на Младинскиот културен центар пред огромен број посетители беше отворена изложба на дела од големиот шпански сликар Пабло Пикасо.На отворањето присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на МКЦ, Златко Стефковски. Македонската публика на оваа изложба ќе има можност да види збирка од четириесет и шест графички дела на Пабло Пикасо – факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, кои го опфаќаат временскиот период од 1932 до 1969 година.
Во сржта на збирката се наоѓаат комплети од оригинални графики, сместени во три мапи, кои денес претставуваат ретко видени и ретко достапни дела. Збирката „Двојна флејта“ (“Flute Double”), 1967, содржи шеснаесет литографии направени според цртежи и лавирани акварели од периодот меѓу 1932 и 1955 година. Заедничката тематика ја претставуваат женски и машки актови, мотиви со минотаури и баханалии од 30-те и 40-те години на 20 век, појадок на трева, шпански мотив според Веласкез, како и портретот на сопругата, Жаклина.
Збирката „Фауна и флора од Антиб“ (“Faunes et Flore d’Antibes”), 1960, е мапа што претставува девет литографии, со текст на Хаиме Сабартез. Оваа изложба е организирана од страна на МКЦ во соработка со приватната галерија Висконти од Љубљана, Словенија.
Продуцент на изложбата е Михајло Несторовиќ, а делата се во сопственост на Жива Шкодлар Вујиќ и Лазар Вујиќ од галеријата Висконти во Љубљана, Словенија.
Влезот е бесплатен, а изложбата ќе трае до 16 март.На отворањето присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на МКЦ, Златко Стефковски. Македонската публика на оваа из