Oтворена новата Неуромедика Болница, најсовремена и најмодерна во регионот! Инвестиција од 8 милиони евра

Пред 25 години се формираше тим од двајца лекари и една медицинска сестра, означувајќи го на тој начин стартот на првата приватна поликлиника во Македонија, Неуромедика. Од тогаш до ден денес, Неуромедика постојано се развива и изгради бренд и е синоним за најсовремена болница опремена со последни техничко технолошки достигнувања од областа на медицината и со целосен тим од специјалисти и доктори.25 годишното работење на Неуромедика, вчера вечер свечено и јубилејно се одбележа и прослави со отворањето на новата Неуромедика Болница, во центарот на Скопје. Болницата ја освети Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.
Големиот јубилеј од 25 години Неуромедика го одбележа на високо ниво. Директорот Д-р Емил Угриновски лично на присутните им се заблагодари за присуството на овој голем и значаен ден.
Новата Неуромедика Болница е чиста македонска инвестиција од 8 милиони евра, од кои 3 милиони евра се инвестирани во медицинска опрема, а остатокот е во градежни и инфраструктурни дејности. Инвестицијата во целост е на сопственикот и Директор Д-р Емил Угриновски. Новата Неуромедика Болница е на 8 нивоа на вкупно 3.500m² со:
–        23 специјалистички ординации
–        најсовремено опремени болнички апартмани
–        2 најсовремени хируршки сали
–        ургентен центар
–        дијагностички центар со најсовремена медицинска апаратура од брендот Siemens: магнетна резонанца 1.5 Tesla и компјутерска томографија 64 slice, DXA скен, РТГ, ЕМГ, мамограф, ЕЕГ, ЕХО дијагностика
–        специјализиран центар за трудова медицина каде се изработуваат сите видови на лекарски уверенија
–        специјализиран центар за ортопедија и трауматологија
–        специјализиран центар за неврологија со најсовремена дијагностика
–        специјализиран центар за пластична хирургија и општа хирургија
–        специјализиран центар за орална хирургија
–        специјализиран центар за нехируршка естетска медицина на лице
–        стоматолошки центар
–        најсовремена биохемиска лабораторија25 годишното работење на Неуромедика, вчера вечер свечено и јубилејно се одбележа и прослави со отворањето на новата Неуромедика Болница,

Пронајдете не на следниве мрежи: