Отворена петтата Coca-Cola Активна Зона

Градот под Марковите кули стана дел од големиот проект „Кока-кола активни зони“, кој почна да се реализира во повеќе општини ширум земјава. Во рамките на општина Прилеп, Пивара Скопје и Кока-кола со свечена церемонија, беше пуштена во употреба Кока-кола aктивната зона.Активните зони се донација од Пивара Скопје и компанијата Кока-кола со која се обезбедуваат рекреативно-спортски зони на отворено, опремени со најпрофесионални фитнес справи, поставени на соодветни локации и достапни 24 часа на сите граѓани.
-Кока-кола активни зони е најновиот од низата успешни проекти на Пивара Скопје и Кока-кола, кои ги реализираме како дел од нашата долгогодишна мисија за промоција на здравиот и активен живот. Проектот го реализираме во соработка со „Отворени забавни фудбалски школи“, а со поддршка на локалната самоуправа. Кока-кола активни зони е голем проект, кој има огромно значење на долгорочен план и има за цел кај граѓаните да поттикне уште поголема иницијатива за физичка активност, спорт и рекреација, посочи Ламбро Патче, менаџер за јавни работи и комуникации на Пивара Скопје.

-Нашето партнерство со Пивара Скопје бележи долгогодишна традиција и реализација на голем број проекти. Покрај тоа, ние сме и една од најуспешните општини во Македонија на спортски план и навистина сме благодарни што Пивара Скопје и Кока-кола компанијата го препознаа нашиот успех и токму нашата општина стана дел од првите 5 општини кои добија активни зони годинава. Ова е навистина прекрасен проект кој на сите категории на граѓани им овозможува простор за рекреација и редовно спортување, посочи во својата изјава градоначалникот Марјан Ристески.

Проектот е дел од глобалната платформа на Кока-кола за промоција на активен живот како основа за создавање здрави животни навики кај граѓаните. Ова лето, покрај Прилеп активни зони беа отворени и во Скопје, Струмица, Тетово и Охрид.Активните зони се донација од Пивара Скопје и компанијата Кока-кола со која се обезбедуваат рекреативно-спортски зони на отворено, опремени со најп

Пронајдете не на следниве мрежи: