недела, 29 ноември 2026
Најново

Отворени денови во сите 30 подрачни служби на ФЗОМ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во сите 30 подрачни служби на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од денеска започнуваат отворени денови за осигурениците.Осигурениците, како што информира ФЗОМ, директно од одговорните лица од Фондот ќе се информираат за своите права, ќе претстават некој проблем со добивање на право од здравствено осигурување, а воедно и ќе имаат можност да дадат свои идеи, предлози, кои се однесуваат за унапредување на работата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Отворените денови се дел од заложбите на Фондот за информирани осигуреници, кои претставуваат вреден ресурс на повратни информации за активностите и новините кои Фондот ги воведува. Осигурениците, воедно, се и активни учесници во процесот на креирање политики за подобро функционирање на Фондот за здравствено осигурување.
– Средбите со осигурениците се начин да ја согледаме перцепцијата на осигурениците за нашата работа, но и да добиеме предлози за надминување на „тесните грла“ во работењето. Средбите ги доживуваме како можност за насоки за тоа на што да се обрне поголемо внимание, што треба да се подобри во работењето или да се поедностави како процедура, велат од ФЗОМ.
Фондот ги поканува сите осигуреници, секој четврток од 10:00 до 13:00 часот, да ги посетат подрачните служба и да се обратат за било кое прашање во врска со здравственото осигурување.Осигурениците, како што информира ФЗОМ, директно од одговорните лица од Фондот ќе се информираат за своите права, ќе претстават некој проблем со до

Поврзани вести