Во општините од југоистокот на Македонија, точно во седум часот почна гласањето на сите избирачки места, кое се одвива мирно и без проблеми.Претседателот на Општинската изборна комисија од Гевгелија, Гордана Поп-Кочева соопшти дека на 37 избирачки места правото на глас ќе го остварат 19.363 граѓани.
– Сите избирачки места беа отворени на време и во првиот час од гласањето се се одвива во најдобар ред,без никакви проблеми. Мирно очекуваме да помине денот во кој граѓаните на општина Гевгелија достоинствено ќе го искористат своето право на глас, рече Поп-Кочева.
Во општина Валандово денеска на 24 избирачки места ќе гласаат 10.024 граѓани.Според информациите од претседателот на ОИК, Илија Танчев сите избирачки мета се отворени на време и гласањето тече без проблеми.
Во најдобар ред избирачкиот процес се одвива на 12 избирачки места во општина Богданци каде според претседателот на ОИК, Венера Зелева ќе глааат 6.906 граѓани како и во општина Дојран каде што на 8 избирачки места правото на глас ќе го остварат 2.568 граѓани.Претседателот на Општинската изборна комисија од Гевгелија, Гордана Поп-Кочева соопшти дека на 37 избирачки места правото на глас ќе го остварат 19