Отворено писмо до претседателот Иванов: Уште не е касно, сега е моментот, Претседателе кај вас е судбината на државата

Граѓаните на Р. Македонија се повеќе се загрижени  за состојбата во која се наоѓа државата и  во кој правец ќе се движат  работите. Ова отворено писмо упатено до Претседателот Иванов ја потврдуваа загриженоста на граѓаните за иднината на државата и  македонскиот народ.
„Отворено писмо до Претседателот Иванов. Копирајте го и постирајте го на неговата страна.
Почитуван Претседателе, Вие како врховен командант и чувар на суверенитетот и унитарноста на државата, ве молам да реагирате дека платформата не може да биде предмет на договор бидејќи директно атакува врз државата и Уставот по многу основи и претставува закана за разнебитување на државата.
Ако ја нема платформата ситуацијата ќе биде друга. Вие како наш Претседател и чувар на државата ве молам да изјавите дека нема да дадете мандат на онаа партија која ќе работи по таа платформа бидејќи е противуставна.
Колку сакаат нека пискаат и врискаат сите, ќе издржиме и ќе ве поддржуваме нема попуштање.

Ако се остават да прават влада партии кои како програма ќе ја имаат платформата без веднаш да се реагира, никој нема да ни биде после крив, се ќе оди понатаму како снежна топка, се поголеми барања ќе имаат Албанците до целосно отцепување од Македонија како Косово.
Уште не е касно, сега е моментот, Претседателе кај вас е судбината на државата.“Ова отворено писмо упатено до Претседателот Иванов ја потврдуваа загриженоста на граѓаните за иднината на државата и  македонскиот народ.

Пронајдете не на следниве мрежи: