Отворено писмо до Путин од еден ОЧАЕН ТАТКО: „Ви благодарам г-дине Путин, што ми го убивте моето единствено дете“

Татко кој ја изгубил својата единствена  ќерка со уривањето на малезискиот авион во Украина, пишува писмо до Владимир Путин…Татко кој ја изгубил својата единствена  ќерка со уривањето на малезискиот авион во Украина, пишува писмо до Владимир Путин и го објавил на социјалната мрежа Фејсбук.
Ханс де Борст е таткото која ја изгубил ќерката  Елсемиек која со својот полубрат, мајка и очув патувала во Малезија, но за жал никој од нив не преживеал.
Таткото  во емотивното отворено писмо кое го поставил на социјалните мрежи го обвинува Путин и украинската влада за смртта на својата ќерка.
„ Господине Путин, многу ви благодарам, лидери на бунтовниците и украинска владо за убиството на моето единствено, најсакано дете Елсемиек“,напиша тој.
Продолжува на следната страна:

 
Елсемиек следната година требаше да ги заврши последните испити, заедно со најдобрите другарки Јулија и Марина, и одеше одлично во училиште! Таа  сакаше да се запише на технички факултет и еден ден да стане инженер, и многу се радуваше на тоа. Но одеднаш, таа повеќе не е тука! Отиде на  небото во непозната земја во која има војна!
Елсемиек  беше ученичка на гимназијата во Хаг. Таа тргна на летување во Малезија, заедно со својот помал брат, мајка и и очувот.
Господа, се надевам дека сте горди со себе бидејќи го уништивте нејзиниот, како и многу други млади животи. Се надевам дека наутро можете да се погледнете во огледалото“, напишал таткото во отвореното писмо.
„Ви благодарам уште еднаш, искрено ваш, таткото на Елсемиек, Ханс де Борст чиј живот е уништен“Татко кој ја изгубил својата единствена  ќерка со уривањето на малезискиот авион во Украина, пишува писмо до Владимир Путин и го објавил на со

Пронајдете не на следниве мрежи: