Откако хакерите му ги открија електронските пораки на кои јасно се виде дека Џорџ Сорос, односно неговиот Институт за отворено општество, на разни медиуми, невладини организации и други институции во Србија им уплатил повеќе од четири милиони евра во поледните неколку години, сопствникот на телевизијата „Пинк“, Жељко Митровиќ, упатил отворено писмо до Сорос.Во прилог ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:
„Почитуван господине Сорос,
Ви го пишувам ова писмо затоа што сфатив дека вие не знаете дека медиумите во Србија, како и во вашата земја, се седма сила, а не деветта дупка на шупелка, а недај Боже дванаесетта дупка на саксија. Но, не ви го пишувам ова писмо заради ништо од тоа, туку заради медиумите и состојбата во нив која не можете да ја поправите, ниту пак имате таква намера, така што што по ваша проценка ќе ги почестите со по некоја ситна пара.
Јас лично немам ништо против тоа да донирате и да им помагате на оние на кои тоа им е неопходно, но мора да признаете, срамота е за еден таков тајкун каков што сте вие, нашето општество да го понижувате со дневници кои не стигнуваат ниту за утринско кафе.
Значи, за 4 години сте донирале околу четири милиони евра во стотина различни медиуми, невладини организации, претставници на граѓанскиот сектор, но многу малку сте одделиле за судии и обвинители, за нивните здруженија, а ова последново би можело брзо да ви се исплати ако ме тужите заради ова писмо.
Господине Сорос, Србија е одамна отворено општество и затоа јас можам во неа да пишувам отворени писма. Дали вие уште повеќе ќе ја отворите со вашиот бакшиш, не знам, но знам дека кога имавме и тоа како отворено општество, а тоа беше во времето кога вие и вашите инвестиции тука бесправно и на диво развлекувавте кабли по нашата земја, општеството беше толку отворено што дури и криминалците беа на слобода.
Во тоа време во Србија немаше ниту демократија, имаше само грав и тоа оној кој надалеку се слуша. А денес… денес е сѐ поинаку. Србија е на добар пат, ова не го велам јас, туку Жозеф Бајден, Ангела Меркел, Владимир Путин. Земјата денес не може да се дестабилизира, па ниту за четири милијарди, а камо ли за четири милиони, па и тоа за 4 години.
А знаете ли зошто е така? Затоа што луѓето сфатија дека морааат сами да го пронајдат својот пат и да се изборат за него. Уште колку Срби треба да загинат за луѓето како вас да се опаметат? На нас веќе ни дојде памет и воопшто не планираме меѓу себе да се делиме и да се пребројуваме додека вие од страна само гледате.
Со 4 милиони евра во земјава сте можеле да изградите 40 училишта, 120 амбуланти или 10 болници, но зошто би ѝ помагале на Србија на ваков начин кога поевтино е да се купуваат човечки души кои порано или подоцна ќе мораат да се потсетат на чичко Џорџ и да одработат за вас. Јас лично разбирам дека на Саша Прангљ му требаат пари, тој на пример би можел од вашите донации да купи три-четири пиштоли сосе буренце за руски рулет или да речеме мојата пријателка Борка, би можела со вашите донации да плати уште неколку судски такси за да ги тужи телевизиите.
И како за крај господине Џорџ, јас отворените писма ги пишувам во склад со воспоставената слобода во нашата земја, па за тоа не треба некоја особена храброст. Всушност и вие и јас некогаш одиме во тоалет, а таму и најхрабрите се посеруваат. Јас ви ветувам дека тоа нема да го сторам надвор од тоалетот, па ме интересира какви се вашите планови во врска со тоа.
Ве поздравувам и се надевам дека ова мое писмо ќе го разберете на вистински начин“.
Жељко МитровиќВо прилог ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:
„Почитуван господине Сорос,
Ви го пишувам ова писмо затоа што с