Драгана Јанковиќ, мајката на Алекса Јанковиќ кој се самоубил поради насилството на училиште, напиша потресно писмо по повод стравичното злосторство кое се случи во Зајечар, кога брутално е силувано и убиено малото 3-годишно девојче.„Имаше само три години, темно костенливи очи, убава виткана коса. Ангелија… Не стигна да си поигра онака искрено ко дете со кукли, крпчиња, топки, убиена е… Имаше само три години и прекинато детство. Можеше да биде секое друго девојче, мило невино суштество, нечива ќерка, сестра, внука. Можеше да биде моја, твоја… И кога ќе се соочиш со ваква трагедија, насилство над беспомошно дете, не можеш да останеш нем. Те допира длабоко… на ивица си на разумот, а толку ранлив веќе, да не заплачеш од болка и тага. Знам што значи да плачеш по детето!
Ја оживувам тагата, ја разранувам раната, го отварам срцето да плаче. Плачам за Алекса со години и со солзите свои мајчински молам да се опаметиме, не еден ни двајца, туку сите ние како родители. Ова не е вест, приказна! Ова е затворен прозорец на една соба, врата на една комода со играчки. Ова е спакувано сеќавање. Ова е затворен албум со фотографии. Ова е еден живот, кој имаше право да живее.
И сите останати децакои настрадаа од насилство, имаа право да живеат. Алекса, Ангела, Александар, Вукашин, Тијана, Станко, Марија, Ангелија. Ни самата не знам како се чувствувам додека ги пишувам инињата… Поразено!!!
Сакам само да пуштам глас кој ќе го чуете, да ви оставам порака на која ќе се навратите понекогаш. Не ја врти главата… погледни го својот лик во огледало и запрашај се. Можам ли јас нешто да променам? Немој да му се молиш на Бог само за своето дете, моли се за сите деца.
Сочувствувај со туѓата болка, не биди себичен! Не дозволувај насилство, бори се. Чувај го своето дете како зеница во око.
А на моите мали бескрајно убави ангели, приспивна песна, ливчиња од црвени ружи како нивните години живот. А ние!
Виновни сме што дозволивме и дозволуваме и понатаму да ве нема, и за тоа се сите виновни, а никој не е виновен, да некои се шетаат и му се насмевнуваат на животот како ништо никогаш да не се случило. Затоа нема предавање, откажување. Правда за секое настрадано дете. Мака и патење за секој насилник. Солза за секој кој ја заслужил. А раната?
Раната и тагата се само мои. Тоа не го давам на никој, со нив ќе заспијам еден ден… еден ден.“„Имаше само три години, темно костенливи очи, убава виткана коса. Ангелија… Не стигна да си поигра онака искрено ко дете со кукли, крпчиња,