Комуникацијата преку отворени писма меѓу членови на иста институција е навистина невообичаенa, а потребата и целите од таквиот начин на комуникација му се познати само на авторот на отвореното писмо, вели ректорот на УКИМ, Проф. д-р Велимир Стојковски.Интегрален текст од отвореното писмо на Стојковски до јавноста:
Во интерес на објективно информирање на јавноста, принуден сум на истиот начин да ja дадам оваа информација.
Наводите во отвореното писмо кое не е потпишано од ниту еден сенатор, туку е испратено само од еден сенатор, не се точни и не одговараат на реалноста. Како што претходно беа известени иницијаторите, согласно Деловникот за работа на Сенатот, нема услови за одржување на вонредна седница на Универзитетскиот сенат.
Уште еднаш потсетувам, дека Ректорската управа на Универзитетот донесе заклучоци за решавање на проблемот, кои беа доставени до сите сенатори. До денес, овие заклучоци се подржани од 41 сенатор, имајќи предвид дека еден дел од сенаторите се на годишен одмор.
Во насока на решавање на проблемот, а почитувајќи ја редоследноста во одлучувањето на двата универзитетски органи единствен целисходен начин и приод во решавањето на проблемот е Комисијата да го изготви извештајот за настаните околу изборите на претседателот на Студентскиот парламент, а Комисијата формирана за Статутот да изготви предлог-одредби за студентското организирање, и материјалите понатаму да бидат предмет на разгледување и одлучување на Ректорската управа и Сенатот на Универзитетот.
Јавно го повикувам испраќачот на отвореното писмо, кој истовремено е и член на Комисијата за измена на Статутот во делот на студентското организирање, да не се обидува да го користи истото сценарио на Kомисијата за Законот за високото образование, во која исто така е член, и која пред повеќе од една година комплетно ја блокираше својата работа и до денес не понуди никакво решение. Ако има искрена намера да се реши проблемот, поупатно би било да се фокусира на ефикасна работа на Комисијата и што е можно побрзо да предложи ново статутарно решение, место да се занимава со праќање непотпишани, невистинитиотворени писма и дезинформации на јавноста.Интегрален текст од отвореното писмо на Стојковски до јавноста:
Во интерес на објективно информирање на јавноста, принуден