Доколку постои нешто што никако не би требало да фрлате, тоа се секако винските тапи. Постојат многу креативни решенија за овие симпаични предмети, а доколку малку ги разгледате овие предлози, секако и сами ќе дојдете во искушение да направите некакво уметничко дело.Направете едноставни украсни магнети за ладилникот. Едноставно исечете ја тапата со остар нож и залепете мало парче магнет. Доколку сакате можете да доцртате или да напишете нешто како дополнителна декорација.
Една потполно обична вазна за цвеќе можете потполно да ја трансформирате со помош на вински тапи.
Сакате уникатно парче накит? Со само малку креативна инспирација, труд и време и вие можете да имате еден ваков ѓердан.
Би сакале да ја украсите дневната соба? Што мислите за ваков детаљ? Искористете стара рамка од огледало и тапи и направете уникатно парче кое сите ќе го забележат.
За оние посмелите, тука е лустерот.
УСБ тапа? Зошто да не! Секако ќе имате уникатен гаџет.
Доколку сакате да ја украсите масата или дневната соба со романтични свеќи, искористете ги старите тапи и стаклени чаши. Земете една помала, потесна чаша и во нејзе ставете ја свеќата. Потоа таа чаша ставете ја во поголема, а помеѓу чашите ставете стари вински тапи.
Направете едноставни украсни магнети за ладилникот. Едноставно исечете ја тапата со остар нож и залепете мало парче магнет. Доколку сакате мо



