Ова бебенце досега било на 9 операции, претрпело 3 мозочни удари и сега го чека НАЈГОЛЕМАТА БОРБА!

Синдромот на хипопластично лево срце, уште се нарекува и синдром на неразвиена лева комора. Главна задача на левата комора е пупмање на крвта кон телото. Нормалниот проток на крвта не може да се одржи ако левите срцеви шуплини и залистоци се недоволно развиени или потполно отсутни. Поголем дел од децата родени со овој синдром умираат.Лечењето се состои во хируршка корекција и тоа во повеќе наврати. Во спротивно, потребно е пресадување на срцето. Синдромот на хипопластично лево срце сочинува 1% од природните срцеви маани.
Петнаесетмесечниот Џек е од Хартлепул во Дурам и веќе мина половина од својот живот во болница, каде што имаше четири отворени операции на срцето и пет други операции. Сега е конечно дома со родителите, но наскоро ќе мора да оди на трансплантација на срцето.
Исто така, тој пати од мозочни удари и досега веќе трипати го оживувале.
Но, со некое чудо тој се опоравува. Неодамна за првпат му го тргнаа цевчето за хранење и сега се наоѓа на домашна нега со родителите.
„Помина низ многу работи за толку кратко време, но одлично се држи“, изјавил таткото на ова храбро бебенце, Крис Стивенс (30).

„Знаевме за неговата состојба уште пред да се роди, а првите пет месеци по раѓањето тој ги мина во болница“.
„Тој требаше да има отворена операција на срцето кога беше недела дена стар, а имаше уште три операции оттогаш. Џек тежеше само 1,9 килограми кога се роди, а неговата состојба му го забави развојот. Ми беше многу тешко да го гледам како толку долго лежи во болничкиот кревет, окружен со машини и цевчиња. Но, знаевме дека тоа е најдобро за него и тој се избори со сето тоа – тој е вистински борец“, зборува неговиот татко Крис, кој по професија е инжинер.
Малечкиот Џек сега е на возраст кога треба да ги направи своите први чекори и за првпат да прозбори.
Џек морал да добива и по 12 различни лекови по четири пати на ден, а сега му се потребни само три различни лекови кои ги добива преку шприц.
„Тој веќе се обидува да оди и цело време само мрмори нешто, така што се надеваме дека наскоро ќе го каже својот прв збор. И двајцата сме горди на него – тој е инспиративно момче“, изјавиле родителите на Џек.Лечењето се состои во хируршка корекција и тоа во повеќе наврати. Во спротивно, потребно е пресадување на срцето. Синдромот на хипопластично лево с

Пронајдете не на следниве мрежи: