Иако постојат и други врсти на билки кои имаат црно семе, делотворноста на нивното семе според досегашните сознанија не е ниту приближна како на црниот ким. Црниот ким или Nigella Sativa припаѓа на фамилијата Ranunculaceae, тоа е едногодишно цветно растение со потекло од Mедитеранот или западна Азија. Стеблото е со висина од 40 цм, едноставно или разгрането, повеќе влакнесто, додека листовите се повеќе пати пересто разделени, а цветовите се нежни со бела или бледосина боја.
Тој особено расте во источните и топли земји, посебно во Египет, Сирија и Индија. Постојат записи во кои може да се виде дека е доста корисен во старата египетската медицина. Египетските фараони го употребувале како зачин во јадењата и за лечење на многу болести, воспаление, алерги, метаболички нарушувања, застој на урината, депресија. Интересен податок е дека едно шише масло од ким е пронајдено во гробницата на фараонот Тутанкамон.
Источниот народ зборува за кимот дека лечи се, освен смрт! Исто и во библијата се спомнува кимот како составен дел на лебот, кој спречува надуеност,лекува болести на плуќата, стомакот и жолтица.
Во денешно време црниот ким е повторно откриен од модерната медицина па само во последните 40 години се објавени повеќе од 400 информативни студии на темата на црниот ким и неговите активни супстанции.
Лековити својства
Кимот го зајакнува желудникот, го потикнува варењето на храната, производството на хормони, исчистување на мокрачата. Позитивно делува на болести на плуќата, кожни болести, потешкоти предизвикани од асма. Го смирува бронхитот, алергиска асма, кашлањето, го зајакнува имунитетот, го зголемува производството на антитела. Ја спречува појавата на рак, поради тоа што го потикнува производството на одбрамбени клетки, ги заштитува здравите клетки од оштетување, ги уништува клетките на тумурот.
Кога се во прашање жените ги смирува грчевите во матката, ја стимулира менструацијата, ги олеснува пред породилните и породилните болки, на доилките за време на доењето им обезбедува повеќе млеко.
Особено добри резултати покажува во лечење на деца болни од бронхитис, асма и разни алергии.
Па да се запрашаме? Како е можно да делува како на алергијата така и на намалувањето на маснотиите, крвниот систем и туморот? Одговорот лежи во хемискиот состав на неговите семки кои содржат преку 100 биолошко активни состојки кои меѓусебно се надополнуваат и си помагаат во лековитото делување.
Го зајакнува имунитетот
Истражувањата покажаа дека повеќето заболувања настануваат поради дисбалансот во имуниот систем, а компонентите во црниот ким како што се нигелонот и тимоквинонот, помагаат бо борбата против болестите со зголемување на клетките за имунитет во организмот.
Ослабнатиот имунитет може да се препознае во следните симптоми- честа инфекција и воспаление, слабост, исцрпеност и замор, губиток на тежината, честа главоболка и сл. Кај наведените симптоми, маслото од црниот ким земајте го два пати на ден по една супена лажица 15-30 минути пред јадењето.
Направени се големи истражувања за црниот ким и неговите својства да се бори против ракот, и откриле дека за разлика од хемо-терапијата, црниот ким може да се користи во лекување на тумори и рак на дојка без никакви негативни несакани ефекти.
Истражувачите од Филаделфија откриле дека една од состојките на црниот ким го прекинува растот на туморските станити кај карциномот и ги уништува засилувајќи го процсот на апоптоза(програмирана станица на смртта).
Црниот ким исто птити од зрачење кај радиолошките терапии. Тој се користи во третманите за канцерогените болести и ги спречува непосакуваните ефекти од хемотерапијата и зајакнување на имиунолошкиот систем на организмот.
Се зема 2-3 пати дневно по една супена лажичка најдобро 15-30 минути пред јадењето. Ќе го олесни влијанието од хемотерапијата а ќе го зајакне телото и ќе му ја зголеми способоста за самодобрана.
Важно е да се знае дека до потполно делување на кимот се доаѓа дури по 4-12 недели од редовно конзумирање!