Ова е девојката од BMW-то на смртта: Влетавме во водата и настана…

„Не можев да излезам, изгубив надеж. Потоа Душан ја отвори мојата врата“, раскажала Милица Јокиќ (18) што се случило кога автомобилот влетал во Дунав. Таа се уште не закрепанала од несреќата во која изгубила тројца пријатели.„Се борев за животот. Автомобилот брзо се полнеше со вода. Се обидував да ја отворам вратата, но не можев никако. Ме фати паника“.
Со овие зборови, на сослушувањето Милица Јокиќ ги опишала моментите на стравичната несреќа во која настрадаа тројца нејзини пријатели.
Ја изгубила пријателката
Тинејџерката, која се уште не закрепнала од шокот поради трагедијата која ја преживеала, да потсетиме беше дел од патниците во автомобилот BMW кој на 22 ноември слета во Дунав на Ада Хуја. Освен Милица и возачот Душан Јовановиќ, несреќата ја преживеа и Лука Вишњиќ. Во сравичната несреќа животот го изгубија Анастасија Стајиќ, која била најдобра пријателка со преживеаната Милица, Немања Антиќ, како и Милош Јанковиќ, кој бил затворен во багажникот.
Милица Јокиќ вчера се појавила во јавноста прв пат откако се случила несреќата. Таа во палатата на Правдата дошла во друштво на двајца мажи, а заменикот на обвинителот дури го повикал едниот од нив да присуствува на сослушувањето поради нејзината лоша здравствена состојба. Несреќната девојка, чие сослушување траело подолго од еден час, повремено плачела, но детално ја опишала кобната ноќ.
„Бевме во кафуле, во центарот на градот. Сите испивме по неколку пијалоци. Одлучивме да одиме на Ада Хуја. Немаше место за сите нас во автомобилот, па Милош предложи тој да се префрли во багажникот. Јас седев на совозачкото место“, раскажала наводно девојката.
Сите биле весели
Во автомобилот сите биле весели, свирела музика и се шалеле, навела Милица. Во моментот кога свртеле кон Ада Хуја, како што рекла, никој на забележал дека патот завршува.
„Следно на што се сеќавам е дека влеговме во водата. Настана паника. Цело време се обидував да ја отворам вратата, но никако не можев. Веќе изгубив надеж, мислев дека е готово.. Потоа Душан некако ја отвори мојата врата и излегов“, раскажала Милица.
Лука не се појавил на сослушувањето
Лука Вишњиќ, синот на Оља Беќковиќ, кој ја повредил раката во несреќата, требало вчера да биде сослушан, но тој не се појавил поради терапија на која мора да оди по операцијата.„Се борев за животот. Автомобилот брзо се полнеше со вода. Се обидував да ја отворам вратата, но не можев никако. Ме фати паника“.

Пронајдете не на следниве мрежи: