Ова е диетата и фитнесот на Џесика Алба!

Џесика Алба е една од најсексапилните актерки во Холивуд, која изгледа фантастично каде и да се појави. Која е нејзината тајна?Со помош на диетата разработена од нејзиниот тренер Рамона Браганца, Џесика ги стопи килограмите од бременоста и изгледа повеќе од прекрасно. Диетата 3-2-1 вклучува 3 оброци, 2 ужини и пиење на минимум 1 литар вода дневно.

Примерен план
Појадок: омлет од белки од јајце или тврдо варени јајца со изварка и овошје.
Појадокот на Џесика Алба е богат со протеини. Кога јадете појадок богат со протеини, вие добивате енергија која ви е потребна да ги извршувате дневните активности и подоцна не чувствувате силен глад. Изварката и белките од јајцата имаат мал број калории, содржат многу протеини и ви даваат енергија за да го започнете денот. Овошјето ќе ве снабди со потребните антиоксиданси и витамини за да бидете здрави. Затоа појадокот на Џесика Алба е добар пример како треба да изгледа еден појадок.
Ручек: салата со 170g пилешки гради или туна, зеленчуци, маслиново масло, сок од лимон и тревки.
Салатата е здрава и соодветна храна за ручек. Но, треба да ги избирате состојките внимателно. За да направите нискокалорична салата, не користете мајонез. Додајте во салата пилешко или туна, за подобар вкус.
Вечера: кревко немасно месо (риба, пилешко или говедско филе) и зеленчуци.
Ако сакате да ја контролирате вашата тежина, вечерата од кревко месо и зеленчуци е одличен избор за вас. Вечерата треба да биде најлесниот оброк во денот, затоа избирајте ги состојките внимателно.

Ужина: овошје, зеленчук и немасно сирење.
Сексапилната актерка пие околу 2-3 литра вода дневно.

 
ФИТНЕС
Џесика Алба знае дека една диета не е доволна за одржување на топ форма и здраво тело. Затоа таа вежба по еден час дневно со нејзиниот тренер Рамона Браганца.
Нејзиното тренирање започнува со трчање на патека околу 10-15 минути за загревање на телото. Потоа прави вежби за зацврстување на горниот и долниот дел на телото и вежби за зацврстување на стомачните мускули. На крајот Џесика продолжува на елиптичниот велосипед за да го забави ритамот на срцето.

Прекрасно извајаното тело на Џесика Алба е резултат на нејзината железна дисциплина, диетата и тренирањето.
Со помош на диетата разработена од нејзиниот тренер Рамона Браганца, Џесика ги стопи килограмите од бременоста и изгледа повеќе од прекрасно. Диета

Пронајдете не на следниве мрежи: