Многу често се случува да фрлиме совршено добра храна само затоа што ѝ поминал рокот на траење втиснат на пакувањето.Домат
Доматот е свеж барем недела или две после истекот на рокот на траење. Колку е помек, толку е подобар. За разлика од повеќето зеленчуци, доматот станува посладок со текот на времето. Дури и ако внатрешниот дел изгледа потемно, во ред е. Избегнувајте го само ако стане многу воден, мувлоса или мириса на алкохол.
Рибни филети
Филетите од сировата риба можат да се јадат уште една недела по истекот на рокот, секако, ако се чувани во фрижидер на температура од -5 степени. Таа е безбедна за јадење, но можеби нема сосема да го задржи вкусот. На рибите често им е потребно повеќе време за да стигнат од морето до супермаркетот, па затоа бидете внимателни и не верувајте му на рокот на траење на паковката.
Сладолед
Дури и кога се чува во замрзнувач сладоледот има краток рок на траење. Тоа е затоа што содржи висок процент на масти, па никогаш потполно не замрзнува. Својот свеж вкус го губи после три месеци. Ако забележите дека потемнал или има вкус како јогурт или крем сирење, време е да го фрлите.
Јајца
Јајцата можат да се користат и три недели после истекот на рокот на траење. Дали се исправни може да ги тестирате така што ќе ги ставите во чаша со вода. Ако плови на површината е расипано и веднаш да го фрлите. Ако потоне може да го јадете.
Јогурт
Јогуртот може да се пие и откако ќе му истече рокот на траење. Но, ако забележите и најмала точка – фрлете го. Меѓутоа, ако изгледа чисто и свежо, а вкусот му делува нормално може да го пиете.
Говедско
Говедското може да има добар вкус и пет недели после истекот на рокот на траење. Но ако забележите дека има трул и чуден мирис тогаш значи дека се расипало.Домат
Доматот е свеж барем недела или две после истекот на рокот на траење. Колку е помек, толку е подобар. За разлика од



