Ова е легендата за црвеното божиќно растение

Изминативе  години голем број семејства, освен со китење на елката, домот го украсуваат и со овој цвет. Божиќната ѕвезда е билка која цути за време на Божиќ.Нејзиното име потсетува на еден од симболите на празникот, односно ѕвездата која во светата ноќ им го покажа патот на тројцата кралеви до новородениот Исус. Божиќната ѕвезда е лесно да ја забележите поради нејзините црвени листови.
 Постојат и легенди зошто е овој цвет толку убав. Според едната, две сиромашни дечиња, Марија и Пабло, немале пари да му купат подарок на малечкиот Исус. Затоа на Бадник на патот кон црквата набрале букет полско цвеќе со зелени листови. Легендата вели дека зелените листови се претвориле во блескави црвени латици штом ги ставиле околу  јаслите во кои е роденден Исус Христот.
Што се однесува до одржувањето, во зима е најдобро да биде на температура од околу 15 степени, на светло место во просторија. Се полева умерено и тоа со малку стоена млака вода.
 Нејзиното име потсетува на еден од симболите на празникот, односно ѕвездата која во светата ноќ им го покажа патот на тројцата кралеви до новороден

Пронајдете не на следниве мрежи: