Ова е љубов без граници: Унгарец запознал Македонка на море, се обидува да ја пронајде преку радио

Loading...

Се запознале во Грција на одмор на многу необичен начин. Тој ја спасил од давење и се заљубил. Сега Унгарецот Јанош насекаде ја бара убавата Македонка која му го украла срцето.„Го поминав летниот одмор со моето семејство во Грција, во Олимпик Бич, во втората половина на август 2013 година. Додека престојував таму ѝ го спасив животот на една девојка од Македонија од давење во вода. Настанот се случи на 23 август. За жал, во целата ситуација сите бевме збунети и исплашени и немавме можност подобро да се запознаеме и да размениме контакт. Не успеавме ни да се фотографираме. Девојката ми остави голем впечаток и навистина сакам да ја запознаам подобро и да дознаам што се случи со неа од тогаш. Ве молам, ако може да ми помогнете да добијам информации за да можам да контактирам со неа. Ако не можете да ми помогнете, Ве молам ова писмо да го испратите на друга локација.Ви благодарам однапред Јанош Ердеи од Унгарија“.
Вака пишува во писмото кое Јанош го испратил на електронската пошта на радио „Фортуна“, надевајќи се дека медиумите ќе му помогнат во целта да ја најде својата симпатија.
Споделувајте, можеби и девојката сака да биде пронајдена. Таа што ќе се препознае во неговото писмо може да контактира со Јанош на следнава адреса: [email protected]„Го поминав летниот одмор со моето семејство во Грција, во Олимпик Бич, во втората половина на август 2013

loading...
Loading...