Честопати си ги поставувате прашањата „Дали ќе ја најдете вистинската личност?“, „Кога ќе ја најдете и каде?“.После неколку неуспешни врски, погрешни партнери, низа неостварени желби,.. многу е тешко да го препознаете вистинскиот човек за вас.
Професорот Питер Тод дошол до револуционерно решение по однос на овие прашања: математичка формула која ќе ви помогне да го најдете вистинскиот човек.
До триесеттата година, голем број девојки и момци зад себе имаат неколку неуспешни врски и партнери кои не се баш по нивни вкус.
Професорот по математика и когнитивни науки Питер Тод раскажува како науката може да се употреби во контекст на личната среќа.
„Дефинитивно, најдобра стратегија за пронаоѓање на идеалниот партнер е да бидете во контакт и излегувате со поголем број луѓе. Ова ќе ви помогне да ги изградите и утврдите личните стандарди.“ – вели Тод.
Според неговите досегашни истражувања, 12 е клучниот (магичен) број кога станува збор за прашањето „Што сакаме и бараме од врската?“. Имено, повеќето луѓе откако ќе успеат да реализираат средби со 12 различни луѓе, ќе бидат во можност да стекнат доволно информации според кои ќе ги утврдат своите критериуми и посакуваните квалитети кои ќе треба да ги поседува партнерот.
„Статистички гледано, тоа е точка (број) после која луѓето престануваат со активно барање на т.н. совршен партнер и одлучуваат за запловат во брачните води.“ – додава професорот Тод.
Апропо оваа интересна теорија: доколку сте излегле со 12 луѓе, а имате повеќе од 30 години и сеуште немате партнер и активно го барате тогаш дефинитивно сте премногу пребирливи.После неколку неуспешни врски, погрешни партнери, низа неостварени желби,.. многу е тешко да го препознаете вистинскиот човек за вас.
Профе