Ова е МНОГУ ВАЖНА ознака која ретко кој ја погледнува кога купува гума за автомобил!

Купувачите бараат квалитетен производ, а продавачите имаат големи проблеми да објаснат дека гумите не се роба која се расипува и дека остануваат „свежи“ иако повеќе години стојат на полиците.Која е дозволената старост на автомобилската гума при купување? Ова е едно од најчестите прашања кои се поставуваат при купување на гуми. Одговорот на ова прашање е подеднакво интересен и за купувачите, како и за продавачите.
Староста на гумата во моментот на купувањето никаде законски не е регулирана, бидејќи состојбата во која се наоѓа гумата претежно зависи од правилното одржување. Затоа се пропишуваат наслови за правилно складирање и краен рок по кој гумите не смеат да се продаваат.
Британското здружение на производители на производи од гума – The British Rubber Manufacturers Association (BRMA), им препорачува на своите членови дека гумите кои се постари од 6 години не би требало да се ставаат во употреба. Тие исто така велат дека гумите кои се постари од 10 години од датумот на производство, би требало да се заменат со нови.
Здружението на јапонските произведувачи на автомобилски гуми (JATMA), им препорачува на купувачите редовно да ги контролираат гумите по 5 години употреба, за да се утврди дали и понатаму можат да се користат и препорачуваат замена на гумите кои се постари од 10 години.
Гумите се сметаат за нови и ако се стари 5 години, тврдат од Сојузот на германската индустрија за гума. По истекот на рокот од 5 години, тие и понатаму можат да се продаваат, но пред тоа треба детално да се прегледаат од страна на експерти или мора да се добие мислење од производителот.
Она што им е заедничко на сите е важноста на условите во кои се чуваат гумите. Прописното складирање на гумите вклучува дека тие не смеат да бидат изложени на сончеви зраци, високи температури, големи осцилации на температурата, влажност, агресивни хемикалии, масла, озон…
Во случајот со насловната фотографија, се забележува дека DOT 3507, значи дека гумата е произведена во 35-та недела од 2007 година.
Во случај да не можете да ја најдете ознаката DOT на автомобилската гума која сакате да ја купите, ви препорачуваме да не ја купувате, бидејќи постои можност ознаката да е намерно отстранета поради староста.Која е дозволената старост на автомобилската гума при купување? Ова е едно од најчестите прашања кои се поставуваат при купување на гуми. Одговорот

Пронајдете не на следниве мрежи: