И неопходен е во овие врели денови!Како карминот да ви остане на усните од 0-24?
Овој трик со марамче, четка и малку пудра е стар како Библија, а и поради тоа е добар!
Има еден стар добар трик, како карминот да ви остане на усните што е можно подолго. Ќе признаете дека потребен ни е таков трик во летните денови, кога температурите не дозволуваат шминката подолго да отстои на лице.
Ова се трите чекори:
Прво молив
Исцртајте ги усните со молив за усни.
Потоа четкичка
Потоа, нанесете го карминот во иста нијанса со помош на четкичка.
Марамчето е тајна
Потоа ставете марамче на усните, и натапкајте транспарентна пудра. На крајот нанесете уште еден тенок слој кармин.Како карминот да ви остане на усните од 0-24?
Овој трик со марамче, четка и малку пудра е стар како Библија, а и поради тоа е добар!